Тропар на светите рамноапостолни
  Методиј и Кирил
словенски  учители
11/24 мај

Глас 4
Рамноапостолни  учители на словенските земји,
богомудри Кириле и Методие,
Владиката на сите молете Го,
да ги утврди сите словенски народи
во православие и едномислие,
да го смири светот и да ги спаси нашите души.
 
 Извор МПЦ-ОА

 И друг:

Тропар на светите преподобни
рамноапостолни отци
Методиј и Кирил Словенски
11 мај / 24 мај

Проповедници и исповедници на Словото,
Методие пастиру свети,
Кириле смирен философу на Пресвета Троица,
денес небото торжествува а земјата ликува,
бидејќи преку вас зборот кој збунува
стана говор кој славослови,
Бога Го возвеличува, мир и благодат давајќи,
на оние кои преку мудроста одозгора
Го прославуваат Еден Бог во Троица:
Отецот, Синот и Духот Свети.
Господи спаси и помилуј по нивните свети молитви.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на
светиот Христов свештеномаченик
Мокиј Македонски
11 мај / 24 мај

Смилувај се Господи на Твоите созданија,
по молитвите на светиот Мокиј,
кој дух примајќи благодатен,
со силата Твоја вистината преку многу сведоштва,
ја внесе во срцата наши,
исповедајќи Те Тебе во страдањата Свои,
кои Ти како темјaн миризлив ги прими,
а нас нѐ спасуваш кои го празнуваме
неговиот свет спомен.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
свештеномаченик  Христов
Мокиј
 11 мај / 24 мај

Пастиру Христов, Мокие свети учениче на Љубовта,
учителу на смиреномудрието,
исповедниче на Бога вистинскиот,
со чија сила идолите ги сруши,
пламените јазици ги изгасна,
и нечистите помисли ги смири,
моли се за нас свет мачениче,
да не го загубиме во мноштвото искушенија,
вистинското Богопознание.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на Светиот свештеномаченик
Христов Мокиј
 11 мај / 24 мај

Небесата ја возвеличуваат славата Божја,
а за делата Негови возвестуваше и ти о блажени Мокие,
по твоите молби идолите ја спознаа силата Господова,
а пред твоите нозе ѕверовите гладта ја стишуваа,
о ти тивка росо сред геената огнена во земјата Македонска.
Благословен е Бог Троичен на Кого ти се молиш,
Он е верен слушател на твоите молитви,
затоа о свештеномачениче и Божји угодниче,
направи не и нас заедничари,
 на Благодатта Христова во Царството Негово.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов новомаченик
Аргир Солунски
11 мај / 24 мај

О мачениче свети, кој знаеше преку Оној Кој благодат дарува,
која е мерката на љубовта која ближниот го закрилува,
Аргире смирено јагне Божјо,
не само душата за Бога туку и исповедник
на вистината постана, на чии молитви
се надеваме и од чија вера се ободруваме.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Од Верскиот календар на МПЦ (24.05.2020)
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Voznesenie2.jpg

„Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16, 15)

 bogorodica.k.dol.jpg

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ.

По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

Светиот свештеномаченик Мокиј

Римјанин по раѓање и свештеник во Амфипол, град македонски. Пострада за време на Диоклецијан. Со молитва ја скрши статуата на богот Дионис, со што некои од незнабожците ги огорчи против себеси, а некои пак ги приведе кон верата. Заклан за Христа во 295 година.