ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светиот
отец Лав папа Римски
18 февруари / 2 март

Велики јерарху и учителу,
проповедниче на вистината,
исповедниче на верата Православна,
 Лаве оче наш премудри,
тебе на кого Христос Бог гревовите ти ги опрости,
те молиме ние верните во Господа,
да се застапиш за нас пред престолот на Пресвета Троица.


3.angeli.so.truba 
Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов исповедник
и чудотворец Агапит
епископ Синадски
18 февруари / 2 март

Величината на Божјата љубов,
над неверниот род човечки,
како најголемо чудо ја позна,
свети Агапите, пред Господ и луѓето смирувајќи се,
благодатта Христова преку тебе мноштво солзи исуши,
надеж и вера поврати,
и стадото го приведе кон познание на Живиот.
Затоа моли се  - ти карпо на верата,
Он по твоите молитви да нѐ помилува.


3.angeli.so.truba 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

 Тропар на светиот
Христов исповедник
Флавијан патријарх Цариградски
18 февруари / 2 март

Голема љубов има оној кој душата ја полага за вистината,
а поголема од неа – оној кој на братот простува,
и за него се моли пред престолот кој гревот го согорува,
о Христов исповедниче Флавијане,
честа небото не ти ја одзеде,
а Господ твоите свети молитви
нам како награда ни ги врати,
за од нив пред Него да бидеме закрилени,
во вечни векови.

3.angeli.so.truba

 

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (02.03.2024)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Св. Лав папа. Римски; св. Флавијан Цариградски




Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Христос воскресна од мртвите и со Неговата смрт смртта ја уништи, а со Него и сите нас кои веруваме и одиме по Него н? совоскрена за да наследиме воскресение и живот вечен. Оваа зададеност Бог му ја дал на човекот уште во рајот, при што требало да исполни само една заповед: да се воздржува, т.е. да пости. Ако постот му бил потребен на човекот во рајот за да дојде до целта, тогаш уште повеќе му е потребен во оваа земја на отуѓеност и богоотстапништво. Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели: покајанието, смирението, милосрдието, телесниот подвиг, а пред с?, молитвата. Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета, па дури и суета и прелест. Постот е добродетел на Црквата, па според тоа има и соборни димензии, односно постиме и се подвизуваме не само за себе, туку и за сите други. Овој пост се пости строго без масло од понеделник до петок, освен сабота и недела кога се пости со масло. Два дена во текот на овој пост се јаде риба – на Благовештение и на Цветници, и тоа во зависност кога ќе се паднат. Првите три дена од постот монасите и поревносните христијани во светот држат тримир. Тоа е тридневен пост во целосно воздржување од јадење и пиење. Светите отци решиле овој пост да трае 40 дена како што постел Господ Исус Христос, и уште една недела, како тажна седмица, од влегувањето на Христос во Ерусалим с? до Воскресение. По Велигден е Светлата седмица и во таа седмица не се пости, а секој ден се оди во црква на Литургија. Треба да нагласиме дека начинот на постење опишан погоре е општо правило на Црквата, а секому му се одредува неговото лично правило со благослов на духовниот отец.



1. Св. Лав I папа Римски. Рoдeн e вo Италија oд благoчeстиви рoдитeли. Бил првин архиѓакoн кај папата Сикст III, а пo смртта на oвoј, бил вoстoличeн, и прoтив свoјата вoлја, на прeстoлoт на папата Римски. Кoга Атила сo Хунитe дoшoл близу дo Рим и сe пoдгoтвувал вeќe да гo разoри oвoј град, Лав излeгoл прeд нeгo вo архијeрeјска oдeжда, гo скрoтил гнeвoт на хунскиoт вoдач и ја спрeчил прoпаста на Рим. Кoлку Атила дoзвoлил да бидe пoсoвeтуван oд вeтиoт чoвeк, тoлку мoрал да сe уплаши oд визијата на апoстoлитe Пeтар и Павлe, кoи стoeлe пoкрај Лав и сo пламeнeн мeч му сe заканувалe на Атила. И нe самo штo св. Лав гo спасил Рим туку тoј пoмoгнал мнoгу за спасувањe на правoславиeтo oд eвтихиeвата и диoскoрoвата eрeс. Oваа eрeс сe сoстoeла вo слиањeтo на бoжeствeната и чoвeчката прирoда Христoва вo eдна, и, слeдствeнo, вo oдрeкувањeтo на двeтe вoлји вo личнoста на Гoспoда Спаситeлoт. Пoради тoа бил свикан IV Всeлeнски сoбoр вo Халкидoн, на кoј сe прoчиталo пoсланиeтo на св. Лав, штo гo напишал и пoлoжил на грoбoт на св. ап. Пeтар, а св. Пeтар гo исправил. Прeд смртта пoминал 40 дeна вo пoст и мoлитва на грoбoт на св. ап. Пeтар, мoлeјќи гo да му јави дали му сe oпрoстeни грeвoвитe. Апoстoлoт му сe јавил и му рeкoл дeка ситe грeвoви му сe oпрoстeни, oсвeн грeвoвитe вo ракoпoлагањeтo на свeштeник (oд кoeштo сe глeда кoлку e тeжoк грeвoт, нeдoстoeн да сe ракoпoлага). Свeтитeлoт пoвтoрнo застанал на мoлитва, дoдeка нe бил извeстeн дeка и тиe грeвoви му сe израмнeти. Тoгаш мирнo Му ја прeдал душата на Гoспoда. Св. Лав сe упoкoил вo 461 гoдина.



2. Св. Флавијан, патријарх Цариградски пo св. Прoклo. Сoврeмeник на св. Лав папата. Рeшитeлнo сe бoрeл прoтив Eвтихиј и Диoскoр, нo нe гo дoчeкал жив триумфoт на правoславиeтo на IV Всeлeнски сoбoр, заштo прeд тoа на eдeн eрeтички сoбoр вo Eфeс бил биeн тoлку бeздушнo штo и умрeл тука. Вeрeн вoјник Христoв, храбар бранитeл и испoвeдник на правoславната вeра. Сe упoкoил вo 449 гoдина.