ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светата
рамноапостолна
Нина Грузиска
14 јануари / 27 јануари
глас 4

Служителке на Божјото Слово,
во апостолската проповед го поддржа
првоповиканиот Андреј и другите Апостоли,
Иверска Просветителке и флејто на
Духот Свети, света рамноапостолна Нино,
моли го Христа Бога
да ги спаси нашите души.

 

Извор МПЦ – ОА



Тропар на свети Сава
прв архиепископ српски
14 јануари/ 27 јануари

3 глас
На патот кој води во живот,
наставник и првопрестолник и учител си бил;
татковината своја најпрвин си ја просветил,
 преродувајќи ја  со Светиот Дух,
како маслиново дрво во духовниот рај
твоите свештени чеда си ги насадил.
Затоа како сопрестолен на Апостолите и Светителите
почитувајќи те, те молиме
моли го Христа Бога да ни подари голема милост.


 
Извор МПЦ-ОА


Тропар на светите
Христови подвижници и маченици
Синајските и Раитските отци
14 јануари / 27 јануари

3.angeli.so.truba

Безводната пустина стана извор благодатен
од вашите молитви, о отци Синајски и Раитски,
бања за искупување и семе за нови христијани
послужи крвта ваша за Христа пролеана,
о горостаси на Божјата вера,
молете се сега од горниот Сион,
да и ние стигнеме до Небесниот Ерусалим.

3.angeli.so.truba
Кондак

Телесниот живот како безплотни го поминавте,
о вие Христови ангели во пустината,
учители на благочестието и примери на животот врлински,
отци свети маченици,
од временски во бесконечен живот преминувајќи,
од сиромаштвото во светот - во Христа се обогативте, радувајте се свети учители
и наши пред Бога застапници.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (27.01.2024 )

vozdvizenie.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

vozdvizenie.jpg

Света Нина, просветителка на Грузија

Роднина на Светиот великомаченик Георгиј и на ерусалимскиот патријарх Јувенал. Бидејќи мајка ѝ и татко ѝ, кападокиски благородници, се замонашија, беше воспитана под надзор на патријархот Јувенал. Уште од малечка кога слушна за грузискиот народ, Света Нина сакаше да отиде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. Ѝ се јави Пресвета Богородица и ѝ вети дека ќе ја одведе во таа земја. Кога Господ ѝ го отвори патот, младата Нина навистина отиде во Грузија, каде што за кусо време стекна голема љубов кај народот. Успеа да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар, коишто потоа ревносно ја помагаа нејзината мисионерска работа. Во текот на животот Света Нина успеа да ја изврви цела Грузија и да го преведе главно сиот народ во верата Христова, и тоа токму во времето на страшното гонење на христијаните од страна на Диоклецијан. Отпочина од своите многубројни трудови и се упокои во Господ во 335 година. Нејзиниот гроб се наоѓа во Самтаврскиот храм. Изврши многу чуда за време на животот и после смртта.

vozdvizenie.jpg

Свети Сава, архиепископ Српски

Син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст. Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре како монах Симеон. Сава издејствува кај царот и кај патријархот независност за српската Црква и стана прв архиепископ српски. Заедно со татко му го подигнаа манастирот Хилендар, а потоа и многубројни манастири, цркви и училишта по српската земја. Двапати патуваше на поклонение во Светата Земја. Ги измируваше своите браќа раскарани околу власта, ги измируваше Србите со соседните народи. Се упокои во Трново, во времето на царот Асен, откако се разболе после литургијата на Богојавление, на 12 јануари 1236 година. Кралот Владислав му го пренесе телото во Милешево, од каде што Синан паша го зеде и го запали на Врачара во Белград, на 27 април 1595 година.

Преподобните маченици Синајски и Раитски

Овие отци беа убиени од Сарацените едни во 4, а дурги во 5 век.