ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот отец
Георгиј Хозевит
8 јануари / 21 јануари

3.angeli.so.truba
Голем молитвенику пред Господа,
подвижнику во смиреномудрието,
учител на монасите во трпението,
Георгие оче наш преподобен,
застапи се пред Бога за верните
кои ревност покажуваат на патот на спасението
и на твоите свети молитви се надеваат.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобната
мајка наша Домника
¬8 јануари / 21 јануари

Чистејќи го срцето твое,
Спасителот те направи подобен сад за Неговата благодат,
о Домнико мајко наша преподобна,
од него излевајќи се,
подвиг на подвиг додаваше, благодат врз благодат добиваше,
и за секого мелем за спасение имаше.
Сега со светиите радувајќи се,
моли се пред Седржителот,
да се спасат нашите души.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (21.01.2021)

vozdvizenie.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

Од Верскиот календар:   

Преподобен Георгиј Хозевит    

Се подвизувал во 7 век во Хозевитската обител на патот од Ерусалим во Ерихон, каде што се подвизувал и Св. Јован Хозевит.

Света Домника

Во времето на царот Теодосиј дојде како некрстена од Картагена во Цариград со уште четири девојки незнабожки. Патријархот Макариј ги крсти и им благослови да живеат како монахињи. Света Домника се предаде на подвиг со голема ревност и во таа ревност остана до смртта. Се упокои во Господ во длабока старост, околу 474 година. Имаше дар на проѕирање на идните настани преку Светиот Дух и чудотоворна молитва.