ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на соборот на
Пресветата Мајка Божја  

Staroslovenski.SV.Sobor.Presveta


26 декември / 8 јануари

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата,
со Ангелите да ја восфалиме Онаа
Која е поширока од Небото,
умилно песни да ислушаме за славата Нејзина,
срцата да ги отвориме и во нив да го примиме Младенецот,
Кој од Неа во светот се покажа.
Радувај се Мајко на Несместливата Светлина,
радувај се Девственичке која во нашата природа
девственоста ја обновуваш.

Bdenie.sv.Ignatij4

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Никодим
Тисмански и Прилепски
26 декември / 8 јануари

Staroslovenski.SV.Nikodim.Prilepski
Глас 1
Ревноста твоја Никодиме свети оче,
не дозволи од светот да бидеш осквернет,
и мудро ја избегна суетата напоен од благодатта Христова.
Така преподобието засветли и Бога Го прослави,
станувајќи пример за многумина, и темел за молитвени
прибежишта каде Господ се прославува.
Моли се за нас ти оче осветен, за кого Христос беше сѐ –
сега, секогаш и во веки веков.

 

Staroslovenski.SV.Nikodim.Prilepski1

SV.Nikodim.Prespanski

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Констанциј Русин
08/01/2024

Убавината која Господ во тебе ја изгради,

о, Констанцие свети мачениче,

го поврати разумот кон вистината,

и ти покајание достојнославно принесе,

итајќи за верата да станеш жртва сепаленица,

која како мирис благоухан Бога Го умилостивува,

поглед да не помести од оној кој каење принесува.

Затоа денес чест воздаваме на твоето мачеништво,

надевајќи се милост од Христа да добиеме

по твоите свети молитви.

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот отец
Константин Синадски
26 декември / 8 јануари

Staroslovenski.SV.Konstantin.Sinadski

Глас 4
Константине преподобен свет оче,
радост си за Црквата Христова,
која во тебе гледа дете со разум преподобен,
за нас сега моли се подвижниче,
кого благодатта го возведе до познание на вистината,
за да пламено Бога Го восфалуваш
преку сите денови на твојот живот,
и на небесата се радуваш со безброј хорови ангелски.

Staroslovenski.SV.Konstantin.Sinadski1

SV.Konsantin.Sinadski 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Еварест
26 декември / 8 јануари

Staroslovenski.SV.Everest
 
Глас 3
Кој може подвизите твои оче преподобен
да ги наброи или ја измери величината
нивна, смирен Еваресте свети,
но љубовта која ја достигна према ближниот
е подобност чувствувана од секоја душа човечка
која на твоите молитви се надева.
Затоа примајќи награда од Бога,
сети се на нас од висината Небесна.

Staroslovenski.SV.Everest1

SV.Evarest
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот Христов
свештеномаченик и исповедник
Евтимиј епископ Сардиски
26 декември / 8 јануари

Staroslovenski.SV.Evtimij.Sardiski
Глас 3
Еве го светилото Господово – денес воскликнува Црквата,
еве го пастирот Евтимиј слугата Христов
кој не отстапи од исповедање на светите Икони,
еве го маченикот свет,
кого Спасителот со светлина го исполни,
за да вселената ја осветли со вистината која не одминува.
Спомни си за нас столбу Христов непоколеблив,
пред Оној Кој има милост голема.

Staroslovenski.SV.Evtimij.Sardiski

SV.Eftimij.Sardiski

 
*Моштите се наоѓаат во Анхиела, Тракија
на обалата Црноморска

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 08/01/2024

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2024 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

   Stefan.Petkovden.jpg

Собор на Пресвета Богородица

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Спомен на бегството во Мисир

Источните мудреци, ѕвездогледци, што Му се поклонија на Господ во Витлеем, на заповед од ангел се упатија на пат кон својата татковина. А свирепиот цар Ирод намисли да ги убие сите деца во Витлеем. Бог ја виде оваа намера на Ирод, па испрати Свој ангел кај Јосиф. Божествениот ангел му се јави на Јосиф во сон и му нареди да го земе Младенецот и Неговата Мајка и да бегаат во Мисир. Јосиф така и постапи. Ги зеде Младенецот и Мајка Му и се упатија прво во Назарет (Лука 2, 39), овде ги уреди сите свои домашни работи, го зеде со себе својот син Јаков, а потоа тргнаа за Мисир (Исаија 19, 1). Во стар Каиро до денес се покажува пештерата во којашто живееше Светото семејство, а во селото Матареа, близу Каиро, укажуваат на дрвото под кое се одмарала Пресвета Богородица со Богомладенецот. Таму има и чудотворен извор со вода под она дрво. Откако поживеаја неколку години во Мисир, по заповед на ангел Божји се вратија повторно во Палестина. И така се исполни второто пророштво: „Од Мисир го повикав Синот Свој“ (Осија 11, 1). Ирод беше умрен, а на неговиот крвав престол седна достојниот нему во злото син Архелај. Кога слушна Јосиф дека Архелај царува во Ерусалим, се упати во Галилеја, во својот град Назарет, каде што се насели во својот дом. Со Галилеја тогаш владееше вториот син Иродов, Ирод помладиот, којшто беше малку поблаг во злото од својот брат Архелај.

Преподобен Еварест

Тој читајќи ги делата на Св. Ефрем Сирин од дипломат стана монах. Беше многу суров кон себеси. На телото носеше синџири, јадеше еднаш неделно, само сув леб. Живееше седумдесет и пет години и отиде кај Господ околу 825 година.