Тропар на светата
Христова великомаченичка
Анастасија Римјанка
22 декември / 4 јануари

Crkva.Vegoshti
Господ Твојот Бог, о света Анастасио,
тебе те пронајде како чист сад,
преку кого ќе се разрешуваат луѓето од тегобите на гревот,
раните на телото, малаксаноста на духот,
моли се за нас ти која милоста Господова,
на земјава ја распространуваш,
до крајот на вековите.

Crkva.Vegoshti


vozdvizenie.jpg



Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светата
Христова маченица
Теодотија
и нејзините три деца
22 декември / 4 јануари

Crkva.Vegoshti

Мајко Теодотио, Христова слугинко,
Господ од утробата твоја,
три благопријатни садови изведе,
кои за нас пред Него,
благопријатен мирис молитвен постанаа,
а од срцето твое порoди вечно застапништво,
за оние кои Бога го љубат,
а тебе денес те чествуваат.

Crkva.Vegoshti

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 04/01/2021

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

 vozdvizenie.jpg

Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка
и другите со неа

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки ѝ наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува јажињата. По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж. Царот го испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш Св. Анастасија почна слбодно да им служи на мачените христијани и своето големо наследство да го троши делејќи им милостиња на сиромасите. Еднаш царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше Св. Анастасија. На заповед од царот на светиот Хрисогон му ја отсекоа главата. Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под 16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со стрела. Нивните тела ги зеде Света Анастасија, ги завитка во бело платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде ја препознаа како христијанка и за ова ја фатија и ја водеа на сослушување и мачење кај разни судии. Сакајќи да умре за возљубениот Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но одеднаш ослепе и издивна. Осудена на смрт со глад Света Анастасија прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со солзи и молитва. Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт. Најпосле ја положија над оган да виси приврзана со рацете и нозете со четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и премина во Христовото Царство во 304 година.