ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светиот
Спиридон чудотворец
12 декември / 25 декември

Спиридоне, Богоносен оче наш,
на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.
Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,
и змијата во злато ја претвори,
и кога вознесуваше свети молитви,
Ангели за сослужители,
ти светителу имаше.
Слава на Оној Кој ти даде сила,
слава на Оној Кој те овенча,
слава на Оној Кој преку тебе
дава на сите исцеленија.


 
Извор МПЦ - ОА


Тропар на светиот
епископ Христов
Александар Ерусалимски
12 декември / 25 декември

7.Vselenski.sobor

Епископе свети, Александре свештеномачениче,
темнината на затворот како копрена,
спуштајќи се на очите твои,
ги отвори очите на умот кон Христа Господа,
милувајќи те,
Спасителот го покори мракот пред тебе,
и на рајска светлина те удостои,
која сега за нас ја измолуваш,
пред престолот на Бога Троичен.

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Јован митрополит од Зихна
(источна Македонија)
12 декември / 25 декември

7.Vselenski.sobor
Глас 1
Од младоста твоја Духот беше измолен
да ја оневести твојата душа,
и срцето се исполни со дарови на Христа угодни,
о Јоване пастиру на овците словесни.
Богоугодниот живот твој мнозина приведе
кон спасение, а и едно да бидат цареви и просјаци
пред Христа Бога, на
Кого и ние слава вознесуваме
и Него Го молиме на нас да погледне,
по твоите свети молитви.

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

 Тропар на светиот
Христов маченик
Разумник
12 декември / 25 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 4
Името твое: дарот од Бога добиен го возвестува,
о свети Разумниче, и душата за вечното Име
ја обручи, ти свети мачениче,
исповедајќи дека разумно создание сме
за вечни векови. Радувај се Богомудар учениче,
со двоен венец овенчан,
и за нас моли се пред Бога во вечноста.

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor 


 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 24/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

Од Верскиот календар:

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски   

 Тропар, глас 1

На Првиот Собор се покажа поборник и чудотворец, богоносен Спиридоне, отче наш. Затоа, мртовец ти од гроб повика, и змија во злато претвори, и кога пееше свети молитви, Ангели ти сослужуваа, свештен. Слава на Оној што ти даде сила, слава на Тој што те овенча, слава на Оној што преку тебе сите ги исцелува.

Кондак, глас 2

Од љубовта Христова ранет, свештен, умот го насочи со зракот на Духот, со твоето дејствено созерцание делувањето си го нашол, богопријатен, Божествен жртвенник стана, барајќи за сите Божествено просветување.

sv.Spiridon.Trimifunski.jpgМесто на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сѐ до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа големи чуда: низведе дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието. Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ. Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.


 

 

 

 

 

 sv.Aleksandar.pat.Erus.jpg

 

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски    

Најпрво беше епископ Кападокиски. Но во времето на Северовото гонење во 203 година го фрлија во затвор и го прогонија. По ова го прими ерусалимскиот престол.

 Ја основа прочуената ерусалимска библиотека, со којашто Евсевиј се служеше при пишувањето на својата Историја на Црквата.

 Во времето на Декиј беше мачен на разни начини и фрлен пред ѕверови. Остана жив и нечепнат од ѕверовите, па го фрлија во затвор, каде што во 251 година го заврши овоземниот живот и се престави кај Господ.