ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светите
Христови маченици
Мина, Ермоген и Евграф
10 декември / 23 декември

7.Vselenski.sobor

Глас 5
Велики сте вие Мино и Ермогене,
кои лично Христово присуство во
вашите страдања измоливте.
Благодатта преку вас не само Евграфа
туку и целото стадо кон благодарност
спрема Бога го поттикна,
и тие тогаш од вас како и ние денес
молиме да се застапувате за сите кои поверуваа
во онаа Вистина која ја проповедавте.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов маченик
Гемел Mногустрадален
10 декември / 23 декември

7.Vselenski.sobor

Учењето Христово го најде патот
до очите на твоето срце, блажен Гемеле,
злобата на паднатите послужи како скала кон небото,
оголувајќи го телото твое,
ти помогнаа да го соблечеш стариот човек,
и со нов во Христа да се закитиш,
запечатен и прославен во вечни векови.

7.Vselenski.sobor
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
преподобен отец
Тома Дифуркин
10 декември / 23 декември

7.Vselenski.sobor
Глас 6
Од Јова поучувајќи се во трпението,
облагодатен, Господ те наоружа со смиреномудрие,
тебе Томо Христов подвижниче,
нагазувајќи на змии и шкорпии,
подвиг на подвиг додаваше
додека на ангелите не се уподоби.
Радувај се и за нас моли се блажен учениче Господов
во твоето рајско живеалиште.


7.Vselenski.sobor 
7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 23/12/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

Од Верскиот календар:

vozdvizenie.jpg

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф

Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и краснозборливост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела.

Кога пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабожците во Александрија, царот Максимин го испрати Мина да го стивне метежот и да ги истреби христијаните од тој град. Мина отиде и воспостави мир, но се објави себеси како христијанин и мнозина незнабожци ги обрати во вистинската вера со силен збор и многубројни чуда. Кога слушна за ова царот го испрати Ермоген за да го казни Мина и да го задуши христијанството. Ермоген го изведе Мина на суд, му ги отсече стапалата и јазикот, му ги избоде очите, па го фрли во затвор. Во затворот на Мина му се јави Самиот Господ Исус, го исцели и го утеши Својот страдалец. Кога го виде Мина чудесно исцелен, Ермоген се крсти и почна на големо да ја проповеда Христовата вера.

Го поставија и за епископ на Александрија. Тогаш разјарениот Максимин самиот отиде во Александрија и ги подложи Мина и Ермоген на големи маки, коишто тие, помагани од Божествената благодат, храбро ги издржаа. Гледајќи ја храброста на овие Христови војници и Божјите чуда што се извршија над нив, пред судилиштето се јави и Евграф, секретар и пријател на Св. Мина, возвикнувајќи му на царот: „И јас сум христијанин!“ Царот збесна, го исука мечот и го уби Св. Евграф. По ова овој нечестив цар нареди да ги убијат со меч и Светите Мина и Ермоген. Нивните свети мошти ги фрлија во морето, но тие на чудесен начин допловија во Цариград, каде што епископот, на кого му се јавија во сон, свечено ги дочека и ги погреба.

 

Светиот маченик Гемел

Чесен граѓанин на градот Анкира. Кога царот Јулијан Отстапник дојде во овој град, Гемел излезе пред него и јавно го изобличи за богоотстапништвото. За ова беше мачен и распнат на крст, во 361 година. Кога беше во маки на крстот, слушна глас од небото: „Блажен си ти, Гемеле!“