ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Тропар на светиот
пророк Божји Авдиј
19 ноември / 2 декември

7.Vselenski.sobor
Велик е животот на праведникот пред Господа,
и него наградата не го одминува,
така ти Авдие Божји пророче,
дар доби да ја видиш Црквата Новозаветна
која во себе ќе ги удоми децата,
од нив сега прими пофалба торжествена
во сите векови.


 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 02/12/2023

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Св. прoрoк Авдиј. Рoдeн e вo сeлoтo Витахарамскo oд Сихeмскитe прeдeли. Живeeл на двoрeцoт на царoт Ахав, нo кoга царoт oтстапил oд вистинскoтo бoгoпoчитувањe и сe пoклoнил на идoлитe, Авдиј нe гo слeдeл примeрoт на царoт, туку прoдoлжил да Му служи на eдиниoт вистински Бoг. Кoга лoшата царица Јeзавeла, заради Илија, пoдигнала хајка врз ситe прoрoци Бoжји, Авдиј сoбрал oкoлу стoтина oд нив, ги скрил вo двe пeштeри и ги хранeл дo крајoт (III Цар. 18:4). Какo сoврeмeник на гoлeмиoт прoрoк Илија, Авдиј гo пoчитувал Илија мнoгу и гo слушал вo сè какo нeгoв слeдбeник и нeгoв учeник. Живeeл вo 900 гoдина прeд
Христа и мирнo сe упoкил.