ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 Tропар на светиот
Христов великомаченик
Нестор
27 октомври / 9 ноември

7.Vselenski.sobor

Еј Господи Ти Кој нè створи, создаде,
човекот кој падна повторно при себе го повика,
и устрои за него вера која спасува.
Ти Создателе времето на Нестора го исполни,
кога во него се покажа силата Твоја,
осенет со крстен знак од великиот Димитрија, ја прослави Твојата десница,

нам пак кои денес го празнуваме неговиот свет спомен,
дарувај ни по неговите молитви милост голема.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
Прокла
27 октомври / 9 ноември

Зборовите твои кои Духот ти ги осветли,
и денес сведочат во вселената за висината
на Праведникот и светоста на Вечнопостоечкиот,
о, Прокло света слугинко Господова.
Се закити душата твоја со благодатта
која спасува и се освети во Христа Господа,
Кого Го молиме да нѐ спаси по твоите свети молитви.


7.Vselenski.sobor
 
*жена на Пилат


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов епископ
Киријак Византиски
27 октомври / 9 ноември

Богомудро паствата ја донесе до мирни води,
Киријаче свети епископе,
а со тоа Богоугодно послужи за спасение
на ближниот во Господа, пастиру Христов,
на кого денес чест воздаваме и молитви
просиме пред Бога за наше спасение.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченички
Капетолина и Еротида
27 октомври / 9 ноември

Храбри наши пред Господа молитвенички,
Капетолино која душа и убост земна положи,
а бисерот бесмртен го доби и Еротидо
која срце со Господа си исполни.
Приведени на исповедништво свето,
глави маченички Христос со венец бесмртен
ви овенча, подигнувајќи ве во небесната висина.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Марко и други со него
27 октомври / 9 ноември

Сеејќи го преку вас семето на животот со вера
која спасува, Господ ве приведе,
о, Марко со твоите сотрудници,
венци маченички да добиете и високо
на гората Ерусалимска да се подигнете,
од каде сега за нас молете се,
кои споменот ваш свет го чествуваме.


7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот
отец Нестор летописец
27 октомври / 9 ноември

Го умножи Господ смирението твое о, Несторе
и врата ти отвори во подвижничкиот живот
на неговите светии, кого ти не само во срцето твое
го сложуваше, туку во слава Божја на виделина
на нашите очи го возведе.
Затоа при Христа Бога молиме,
тебе застапник да те имаме,
тајновидецу свети, преподобен оче.


7.Vselenski.sobor

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 09/11/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Esen.manastir1.jpg

Светиот маченик Нестор    

     Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи особена сцена, како една тераса на столбови. Долу под терасата имаше забиено копја со остриците устремени нагоре. Кога Лиј ќе победеше некого во борење, ќе го фрлеше одозгора од терасата врз цела една шума од исправени копја.

Наоколу стоеше незнабожечкиот народ со својот цар и се развеселуваше кога некое бедно човечко суштество ќе се виткаше во маки на копјата сѐ додека не издивне. Меѓу невините жртви на Лиј беа и многумина христијани. Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето. Гледајќи ги тие ужасни разоноди на незнабожечкиот народ, на Свети Нестор му се кинеше срцето од болка. И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но претходно отиде во затворот кај Св. Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе пострадаш.“

Младиот Нестор значи му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе загине и го одвраќаа од борбата. Но Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош го совлада Нестор Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо умре. Тогаш сиот народ викаше: „Голем е Бог на Димитриј!“ А царот се посрами пред народот, се нажали по својот љубимец Лиј и многу се разгневи на Несотр и на Димитриј. Па овој свиреп цар нареди и Нестор го убија со меч, а Димитриј го избодеја со копја. Тогаш го заврши својот овоземен живот славниот христијански јунак Нестор, во 306 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.