Тропар на светиот
Христов подвижник
Прохор Пчински
19 октомври / 1 ноември

7.Vselenski.sobor

Достоен стана о Ти преподобен оче Прохоре,
Христов ученик да се наречеш,
затоа што светот и неговата прелага ги остави,
и душата своја за Бога ја оневести.
А Он Младенецот со милост те закити,
и со чудотворство те надари,
за да вавек измолуваш спасение,
 за оние кои го повикуваат твоето свето име,
а Христа го прославуваат припаѓајќи при твоите свети мошти.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светиот
Христов философ
Леонтиј Ерусалимски
19 октомври / 1 ноември

Подвижниче свети Леонтие,
меч Христов на земјата постана,
кој војува против змијата многуглава
и лага темнинска разобличува,
правејќи ги патиштата рамни,
за семето и вистината Господова.
Оставштината земна твоја облагодатена,
светлина умна нека биде за нас, кои сакаме
да пребиваме во вистината Христова.
7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на блажената
Клеопатра
и нејзиниот син Јован
19 октомври / 1 ноември

Радувај се Клеопатро блажена,
верна на Христа Господа на Кого
чаша вода подаде, рани преви и маченици
спреми за величание во слава Негова.
Радувај се ти која се удостои плод на утроба-
синот Јован, да го видиш во војска Небесна,
по молитвите на Уар Божјиот слуга прославен.
7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Божји пророк
Јоил
19 октомври / 1 ноември

Слуго Божји, пророче свети на кого
Севишниот почетокот на мудроста го откри,
глас давајќи кој на покајание повикува.
Нам кои денес чест и прослава ти воздаваме,
о, Јоиле, измоли ни страв Божји во срцата да имаме,
а во денот кој сѐ ќе разобличи,
милост пред Господа да најдеме.

7.Vselenski.sobor
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Уар и седум маченици
-    Христијански учители
19 октомври / 1 ноември

Љубовта и честа покажана спрема страдалниците
Уаре свети, награда добија во очи отворени
и срце спремно за Господа.
Венецот маченички се умножи над главите ваши
кои се поклонија пред Животот вечен,
учители наши, по чии молитви благодат
од Христа Бога се излива, и спасение се измолува.

7.Vselenski.sobor 


Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 01/11/2023

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2023 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Прeп. Прoхoр Пчински. Сoврeмeник и другар на св. Јoван Рилски и на Гаврил Лeснoвски. Спoрeд нeгoвата мoлитва, Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр сe пoдвизувал сè дo старoста и дo смртта. Самo eдиниoт Бoг, Кoј сè глeда, ги знаe нeгoвитe трудoви и искушeнија, кoи вo тeкoт на пoдвигoт ги прeтрпeл. Нo спoрeд нeгoвитe мирoтoчиви мoшти и бeзбрoјнитe чудни исцeлувања, штo ни дo дeнeс нe сe прeкратуваат, мoжe да сe прoсуди за вeличината на нeгoвиoт пoдвиг и за вeличината на Бoжјата благoдат штo му била дадeна заради нeгoвитe гoлeми трудoви. Св. Прoхoр сe упoкoил и сe прeсeлил вo нeбeснoтo царствo вo XI вeк.

Преподобен Прохор Пчински

Bigorski.Intervju.jpg

Тропар, глас1.

Пустински жител, и во тело ангел, и чудотворец се покажа, преподобен и богоносен отче наш  Прохоре; откако со пост, бдеење и молитва, прими небесни дарови, ги исцелуваш болните и душите на оние кои ти приоѓаат со вера: Слава Му на Оној што ти дарува крепкост, слава на Оној што те овенча , слава на Оној што преку тебе твори исцеленија.

Сoврeмeник и другар на св. Јoван Рилски и на Гаврил Лeснoвски.Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во XI  век.