Тропар на светиот
Христов маченик Калистрат
27 септември / 10 октомври



Оној Кој сака сите да се спасат
и да дојдат до познание на вистината,
тебе Калистрате саду на верата беспрекорна,
те постави пред сите како украс на благодатта,
                      преку тебе небесата мноштво воини придоби,
и Црквата со ненци се закити,
застапи се за нас сега о, Христов мачениче,
да пристигнеме во небесните дворови.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
Христова маченица
Епихарија
27 септември / 10 октомври

Природата се покори на твоите молитви
кон Бога принесени, Епихаријо света маченичке,
а Он вода изведе од земја неплодна,
да се напојат оние кои тебе те чествуваат,
а Него Го прославуваат.
Радувај се јагне Христово и за нас моли се,
ти собеседничке на ангелите.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов апостол
Марко
27 септември / 10 октомври

Мил на Господа, молитвите твои
непрестано се примаа на Небеса,
а благодатта ти подарена исцеление даваше
на верните од самата сенка на телото твое,
о, Марко Апостоле, Божји угодниче, а нас прибежиште,
кој пред Христа се застапува за наше спасение.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Христова новомаченица
Акилина Солунска
27 септември / 10 октомври

Вистинска ќерко на Царот Небесен,
непоколеблива девственичке Христова,
моли се за нас света маченичке,
која верата ја сочува насмевнувајќи се
пред лагата демонска, и разобличувајќи ја
паднатоста човечка, која не верува
во вечноста на Небесното Царство.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Саватиј Соловетски
27 септември / 10 октомври

Глас 3
Оддалечувајќи се од светот,
и вселувајќи се во пустината со добар подвиг
си се подвизувал, со злострадање, трезвеност и молитви.
Затоа и по смртта точиш исцеленија, Саватие, оче наш,
моли Го Христа Бога, да се спасат душите наши.



 
Извор МПЦ – ОА


Тропар на преподобниот
отец Игнатиј Кападокиски
27 септември / 10 октомври

Прекрасен е во светиите Оној Кој телото твое
нетлено го сочува, о Игнатие оче преподобен,
кој совршен во врлините постана,
и послушание на Господа принесе,
чувајќи го стадото Негово, и непрестано,
незапирливо, молитва секогаш принесуваш пред Христа,
за оние кои тебе за помошник те повикуваат.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов апостол
Зинон
27 септември / 10 октомври

Духот Свет кој во тебе твореше,
мноштво ослободи од измамата на лагата,
о, епископе свети Зиноне. Павле те поучи,
а Петар те постави по Божјо благоволение,
апостол и пастир да бидеш на Неговото Евангелие,
кој и денес за нас се застапува во вечноста.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов апостол
Аристарх
27 септември / 10 октомври

Сотрудник Павлов, угодник Христов,
молитвениче Господов, Аристарх
смирениот апостол денес го величаме,
бидејќи во ревноста од Првоврховните се учеше,
во воздржанието Претечата за пример го имаше,
и поучен од Архипастирот, смирено стадо словесно пасеше.
За нас денес моли се велики меѓу великите.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 10/10/2020 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Aleksand.Lit.jpg

Светиот маченик Калистрат

Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Пилат Понтиски во времето на страдањето на Господ Исус. Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така по време и Св. Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин. Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои од неговите другари го видоа Свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните. За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Клаистрат веднаш се откажа. Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето. Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Клаистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат. Во затворот Св. Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив. Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија Св. Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304 година. Врз нивните мошти подоцна е подигната црква.