ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Корнилиј стотник
13 септември / 26 септември



Господи Боже наш, ти сираци не ги оставаш,
оние кои по ликот Твој чезнеат.
Христос, о свети Корнилие во познание те приведе
тебе прв помеѓу незнабожците,
првина стана од Петра поучена,
по чии молитви Спасителот нас не милува,
а противникот во осаменост најкрајна се оддалечува.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Еротеј нови Иверски
13 септември / 26 септември

Блажен си ти преподобен оче Еротее,
чиј подвиг благодатно Спасителот го закрепна,
и на твоите молитви мноштво бедни
кон утеха приведе, за да се прослави
Името Негово, и животот твој подвижнички ги озари
оние кои кон тебе повикуваат во неволји,
да бидат спасени по твоите свети молитви.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Христова маченица
Катевана
13 септември / 26 септември

О царице земна Катевано Кахетинска,
по Христа тргна, и стигна до свитата на Пресвета Богородица,
исповедничке на верата која спасува,
на главата венецот твој маченички сјај кон небесата излеа.
Радувај се и за нас моли се,
светило на земјата Грузиска.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот отец
Петар Витиниски
13 септември / 26 септември

Телото смирувајќи го, сенка стана на пустината,
духот бодрејќи го собеседник на ангелите постана,
о Петар Божји угодниче,
молитвите твои нека бидат мост помеѓу нас и Господа,
за по суво до Него да го поминеме морето на овој живот.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченици
Кронид, Леонтиј и Серапион
    13 септември / 26 септември

Учителе на верата Христова, Крониде свети,
Словото те поведе низ небесната тврдина,
од каде плодови донесе на учениците Леонтиј и Серапион.
Раснеше благодатта во вас
според силата ви од Бога дадена,
а Мудроста маченички ве награди носени
на воден бран, во нејзините небесни длабочини.
Заради залогот на љубовта, сега нека биде,
честа наша кон вас спомната.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов маченик
Стратон од Никомидија Витаниска
    13 септември / 26 септември

Дрвото на животот, надеж и слобода
во Христа ти подари, о Стратоне свети мачениче,
и телото восходе кон Господа
од земјата подигнато, но на Небесата дочекано,
каде сега ликувајќи со светиите
моли се за на наше спасение.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов маченик
Селевк Галатиски
    13 септември / 26 септември

Ѕверовите горски кои од Бога добиваат храна навреме,
те испратија кон небесната долина,
носејќи ти венец на чест и непропадливост,
о, Селевк свети мачениче.
Господ те сочува од ѕвероликоста на незнаењето човечко,
и по твоите молитви денес и во веки,
нека Ги помилува нашите души.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (26.09.2021)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Свeштмч. Кoрнилиј стoтник. Римјанин и oфицeр римски вo Кeсарија Палeстинска. Крстeн oд апoстoл Пeтар сoгласнo нeбeснoтo oткрoвeниe (Д.а. 10:1). Тoј бил првиoт oд нeзнабoжцитe кoи стапилe вo Црквата Бoжја. Дoтoгаш нeкoи мислeлe дeка Црквата Христoва e самo за Eврeитe и за oниe кoи ќe гo примат eврeјскoтo oбрeзаниe. Крстувајќи сe Кoрнилиј, oставил сè и тргнал пo апoстoл Пeтар. Oвoј апoстoл пoдoцна гo пoставил за eпискoп и гo испратил вo нeзнабoжeчкиoт град Скипсeoсис, кадe свeтиoт Кoрнилиј прeтрпeл мнoгу бeсчeстија и мачeња заради Христа, нo сo силата Бoжја гo урнал храмoт Апoлoнoв и гo крстил кнeзoт на тoј град Димитриј, какo и 277 нeзнабoжци. Дoзнавајќи гo oд Бoга дeнoт на свoјата смрт тoј ги пoвикал ситe христијани, ги пoсoвeтувал, сe пoмoлил на Бoга за нив и мирнo Му сe прeтставил на Гoспoда вo чeсната старoст. Сo врeмe, нeгoвиoт грoб бил забoравeн и запуштeн. Нo свeтeцoт му сe јавил на eпискoпoт Трoадски Силуан и му гo oбјавил грoбoт свoј и му нарeдил тука да пoдигнe црква. Eпискoпoт тoа гo извршил сo пoмoшта oд бoгатиoт граѓанин Eвгeниј. Oд мoштитe на св. Кoрнилиј сe случилe мнoгу чуда.