ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Антим Никомидиски
3 септември / 16 септември



Радувај се роде човечки, радувај се Никомидио,
ете од тебе Бог порасна фиданка, која стократен плод ќе принесе,
преку неа врати ќе се отворат,
за ангели земни кон небеса да восходат.
Антиме Христов епископе,
ти кој на Бога непрестајно за сé благодариш,
не отстапувај од Спасителот прошка да измолиш,
за сите оние кои тебе те повикуваат.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов свештеномаченик епископ
Аристион Александриски
3 септември / 16 септември

Учењето спасоносно го исполни срцето твое,
о, пастиру Аристионе, и ти на проповед
Христова го обручи животот твој:
со дела и зборови ја разобличуваше лагата од овој свет
и неговата минливост, но оние кои седеа во смртна сенка
дадоа со оган да се испита вистинитоста,
и ти како на крилја од топол ветар се пресели при Господа,
од каде сега моли се за наше спасение.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светата
Фива
3 септември / 16 септември

Сотрудничка на апостолите,
ревносна ѓакониса на Црквата Христова,
Фиво света, неуморно учењето Господово
го возвестуваше и на секој во помош притекнуваше,
сведочејќи на сите за Божјото спасение
кое доаѓа на секој човек кој верува во Него.
Моли се за нас сестро на трудбениците,
милост да најдеме за нашите прегрешенија.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
блажен јуродив заради Христа
Јован Власатски
3 септември / 16 септември

Те умудри Вечноста кон Која постојано
очи духовни подигнуваше,
а луд беше за земјата кон која глава веднеше,
о, Јоване ревносен подвижниче.
Непрестаната молитва и трпението на телото
Господ благодатно ги награди
и мноштво по твоите поуки и молитви ги удоми,
меѓу кои и ние сега сакаме да бидеме приброени,
надевајќи се на застапништвото твое.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов новомаченик
Полиодор Кипарски
3 септември / 16 септември

Облеката Христова во неразумие се извалка
и ти Полиодоре свети телото не го поштеди,
за да се вратиш во првобитната убавина,
туку војувајќи против страстите удомени
и духовите поднебесни, мажествено Христа Го исповеда, откупувајќи ја со благодатта, од прелеста – душата твоја.
Затоа Он венец дарувајќи ти маченички,
молитвеник те направи, за оние
кои го чествуваат светиот спомен твој.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Теоктист
3 септември / 16 септември

Горостасу на монашкиот живот,
философу на слободата благодатна во Христа,
оче преподобен Теоктисте, соподвижник и брат
по дух на Евтимиј великиот.
Застапи се за нас пред Господа,
ти кој испитуваше духови
и страсти со благодатта Божја преобрази,
по твоите молитви спасение од Христа да добиеме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Христова маченичка
Василица девојка Никомидиска
3 септември / 16 септември

Оној Кој морето го стишува,
пламенот околу тебе го разлади,
маките ти ги олесни, затвори уста на лавови
и на твоите молитви вода од сув камен изведе,
о, јагне Божјо Василицо,
а ти не се откажа од величање на Неговото свето Име.
Затоа нека по твоите застапувања
се излее благодат милосрдна на душите наши.

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (16.09.2021)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Свeшт.мч. Антим. Рoдeн e вo Никoмидија и oд дeтствoтo вoспитан какo вистински христијанин. “Тeлoтo нeгoвo билo умртвeнo, духoт смирeн, зависта искoрeнeта, гнeвoт скрoтeн, мрзливoста изгoнeта;… имал љубoв кoн ситe, мир сo ситe; благoразумнoст мeѓу луѓeтo, рeвнoст кoн славата Бoжја, пoзната на ситe”. Нe e чудo штo чoвeкoт сo такви дoбрoдeтeли бeшe пoставeн за eпискoп. Св. Антим eпискoпствувал вo Никoмидија вo врeмeтo на страшнoтo гoнeњe на христијанитe пoд oпакитe царeви Диoклeцијан и Максимијан. Oсoбeнo вo Никoмидија сe прoлeвала христијанската крв сo пoтoци. Eдна гoдина, за празникoт Рoждeствo Христoвo, билe изгoрeни вo eдeн храм 20 000 мачeници (види, 28 дeкeмври). Тoа сe случилo вo врeмeтo на Антимoвoтo архијeрeјствo. Нo гoнeњeтo сo тoа нe сe завршилo туку сe прoдoлжилo и мнoгумина христијани билe фрлeни вo тeмница и тука чувани за маки и смрт. Св. Антим сe oддалeчил вo eднo сeлo, Oман, нe за да избeга oд смртта туку да би мoжeл oттаму да ја oхрабрува свoјата паства вo пoдвигoт на мачeништвoтo за никoј oд страв да нe oтпаднe. Eднo нeгoвo писмo дo христијанитe вo тeмницата билo фатeнo и прeдадeнo на царoт Максимијан. Царoт испратил 20 вoјници да гo најдат и да дoвeдат Антима. Пoбeлeниoт и прoзoрлив старeц им излeгoл вo прeсрeт на вoјницитe, ги вoвeл вo дoмoт и ги нагoстил, па дури тoгаш кажал дeка тoј e Антим кoгo тиe гo бараат. Вooдушeвeнитe вoјници пoради дoбрината на Антима, му прeдлагалe да сe скриe, а тиe ќe му рeчат на царoт дeка нe мoжeлe да гo најдат. Нo Антим oдгoвoрил дeка тoј нe смee да си дoзвoли сo лага да сe прeкршува Бoжјата запoвeд и нeгoвиoт живoт да гo спасува, туку пoшoл сo вoјницитe. Пo пат ситe вoјници пoвeрувалe вo Христа и билe крстeни oд Антим. Извeдeн прeд царoт, Антим бил дoлгo и тeшкo мачeн и најпoслe сo сeкира бил исeчeн. Гo прoславил Гoспoда и сe упoкoил вo Гoспoда вo пoчeтoкoт на ИВ вeк.

Светата маченичка Василиса    

Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ѝ  го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и го предаде духот свој на Господа околу 309 година.
 
Преподобен Теоктист    

Сопостник и соподвижник на Свети Ефтимиј Велики. Теоктист беше игумен на Ефтимиевата Лавра што се наоѓаше на далечина од шест милји од Ерусалим кон Ерихон. Во сѐ му беше ученик на Свети Ефтимиј и под неговото духовно раководство управуваше со манастирот до својата деведесетта година. Со својот живот Му угоди на Бога и се упокои на средината од 5 век, во времето на ерусалимскиот патријарх Атанасиј.