ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

Тропар на светиот
апостол Христов Акила
и неговата жена Прискила
14 јули / 27 јули



Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,
а Павле апостолот во верата ве утврди,
о свети сопружници Акиле и Прискило,
вие кои душите ваши за Христа ги обручивте,
проповедта за Царството ја раширивте,
за нас молете се свети маченици,
во стадото Христово да останеме.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар
на преподобниот отец
Онисим чудотворец
14 јули / 27 јули

Животот земен твој го помина угодувајќи на Христа,
собирајќи цвет по цвет од градините на мудроста
о Онисиме пустински подвижнику.
Веселејќи се при Бога во Небесното Царство,
спомни си сега за нас кои го
чествуваме споменот твој свет.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Тропар
на светиот преподобен отец
Елиј
14 јули / 27 јули

Срцезналецот Христос вистинскиот Бог,
гледајќи го светиот подвиг твој,
те воведе во пустината каде душа ти искали
и срце ти очисти, а ти Елие Божји човеку
слава воздаде, и Името Негово насекаде
како мирис благоухан го раздаде,
за да браќа се спасуваат и народ
кон спасение приведен биде.
По неговите молитви свети
Господи Боже спаси ги нашите души.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар
на преподобниот отец
Стефан Махрически
14 јули / 27 јули

8 глас
Ревнителу на православието,
наставнику на чистотата и благочестието,
на оние кои сакаат да се спасат патеводителен светилнику,
на оние кои монаховуваат боговдахновен украсу,
на преподобниот Сергеј духовен собеседнику,
Стефане премудар, со учењата и добрите дела твои,
многу души си просветил, и во пустината си ги населил:
Моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши!



 
Извор МПЦ – ОА

Тропар
на светиот Христов маченик
Јуст
14 јули / 27 јули

О Јусте Христов мачениче,
посака светот со оклоп минлив да те облече,
пакостејќи на телото твое, но Бог благоизволи
со благодат да те преисполни: паднаа демоните,
се развеа секоја лага на минливоста,
и заблеска вистината Христова,
а ти полета како птица слободна кон вечноста,
од каде сега спомни си за нас грешните.

 


 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на

преподобниот и богоносен отец Никодим Светогорец
27/07/2021

14 јули / 27 јули
 

Ревносно служејќи на Словото Божјо

ја надмина секоја овоземна наука,

искуствено хранејќи се од благодатта Христова.

Живот преподобен имајќи на Гората света,

уста медоточива од Господа доби,

и стана светилник кој нам духовниот живот

во писание ни го остави.

Богоносен Никодиме, подвиг на подвиг додаде,

а пред Христа за ништо не се сметаше,

затоа Он Царство Небесно ти подари

од каде ти сега за наше спасение моли се.

 

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 

 

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (27.07.2021)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.Akila.Grachanica.jpg

Светиот апостол Акила    

Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена му Прискила. Кога царот Клавдиј нареди да се протераат Евреите од Рим и од Италија, тогаш Акила се пресели во Коринт, каде што првпат го запозна апостолот Павле, кој остана во неговиот дом една и пол година и го крсти него и жена му. Горејќи од ревност за верата Христова Акила и Прискила го придружуваа Павле во Ефес и му помагаа во апостолското дело. Од Ефес Павле го напиша своето Прво послание до Коринтјаните, во кое при крајот вели: „Ве поздравуваат многу Акила и Прискила со својата домашна црква“ (16, 9). По смртта на царот Клавдиј, на Евреите им беше дозволено да се вратат во Италија, па Акила и Прискила се вратија во Рим. Потоа пишувајќи го Посланието до Римјаните од Коринт, Светиот апостол Павле ги поздрави своите стари пријатели и сотрудници: „Поздравете ги Прискила и Акила, помошниците мои во Христа Исуса, кои за душата моја своите гуши ги положија, на коишто не јас еден им благодарам, туку и сите цркви незнабожечки, и домашната црква нивна“ (16, 3 - 4). Подоцна повторно го гледаме Акила во Ефес, каде што дејствува заедно со Свети Тимотеј. Окован во Рим, Павле му пишува на Тимотеј во Ефес: „...поздрави ги Акила и Прискила“ (II Тим. 4, 19). Како епископ Акила крсти многумина и ги просвети со верата, урна идоли, соѕида храмови, постави свештеници и ја пронесе меѓу луѓето славата на Божјиот воплотен Син. Најпосле беше убиен од озлобените незнабожци и се пресели во Царството на Господ Христос.

 

 

 

 

 

Преподобен Елиј    Eгипeтски мoнах oд IV вeк. Oд раната младoст сe пoсвeтил на мoнашкитe пoдвизи вo пустината, така штo сo свoјoт живoт и мoќнитe чуда прeдизвикувал вoсхит и кај мoнаситe и кај мирјанитe, иакo бeгал oд чoвeчката слава, нe мoжeл да сe скриe.
Имал гoлeми бoрби сo измамитe ѓавoлски, oсoбeнo за врeмe на дoлгoтрајниoт пoст. авoлoт му сe прeтставувал час мeд, час убави јабoлки, нo тoј нe сe давал да бидe прeлаган. Прoзирал вo чoвeчкитe срца и ја oткривал сeчија страст и сeчија пoмисла, нe пoради тoа да гo пoкажe свoeтo знаeњe, туку луѓeтo да ги исправи.