ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на Христовиот
преподобен Давид Солунски
26 јуни / 9 јули

Христе Господи,
секаде каде што благодат врз благодат се додава,
се надминува човековата природа.
Малку се ѕвездите чија светлина ги пробива облаците,
малку се бестрасните, о преподобен оче Давиде,
сé што е на дар дарувано по твоите молитви,
на дар е принесено до верните,
 кои преку тебе Бога го прославуваат.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот нов
преподобномаченик Христов
Давид Ксиропотамски
26 јуни / 9 јули

Жедтта на душата твоја, која како кошута
за воден извор, само подвигот маченички
за Христа можеше да ја засити.
O Давиде преподобномачениче,
и затоа Подвигостроителот благодатно те прегрна
и те закрепна плетејќи ти венец невенлив.
Радувај се сега и за нас моли се
свет исповедниче на вистината.

 

 



Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (09.07.2021)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

Од Верскиот календар:

Преподобен Давид   

Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.


Apostol.Luka.ikonopisec.jpg