П.  Што е свештенство?     
О.  Свештенството е тајна во којашто преку сво- ето  ракоположување  му  се  дава власт од Бога на тој 53што се ракополага да врши свештенослужение и тајни, востановени во Црквата Божја.     

П.  Која е материјата за оваа тајна?      
О.  Човек правилно произведен во степенот на    свештенството.   
   
П.  Каква е формата?      
О. Архиерејско ракополагање и молитва произне- сена од архиерејот: Божествена благодат... и понатака.   
   
П.  Колку степени на свештенство има?      
О.  Три: ѓакон, свештеник и епископ. 
     
П.  Каков треба да биде свештеникот?     
О.  1) Треба да има соодветна возраст;
2) не смее да има две жени или да биде женет за вдовица;
3) треба да биде душевно здрав, да има увид и мудрост кон извршувањето на Божествените тајни и поучу- вање на луѓето;
4) треба да биде пример за добри и Богоугодни дела;
5) не смее да биде роден од јавен блуд;
6) не смее да биде осквернавен со мрски гревови, особено убиство на човек;
7) треба да ги има сите членови за вршење на ова дело.
      
П.  Од каков пол  треба да биде свештеникот?      
О.  Човек во добра состојба и од машки пол. 
     
П.  Каква е неговата власт?      
О.  Да ги извршува тајните Божји.   
   
П.  Какви?      
О.  Ги има седум, како што рековме порано.   

П.  По што се разликува епископот од свештеникот?      
О.  Епископот сам ги извршува тајните и на други им ја пренесува власта да ги вршат тие тајни, а обичниот свештеник, т. е. ерејот ги врши сам, но само по дадената од архиерејот и на други не може да ја даде да ги вршат; исто така не може да освети миро или антимнист, коишто ги осветува само архиерејот.      

П.  По што се разликува архиепископот од епископот?
      
О.  Со повишо управување исто како митрополитите и патријарсите.
      
П.  Кога служи свештеник којшто се наоѓа во смртен грев, дали е тајната тајна?      
О.  Тајната е тајна, зашто својот почеток тајната го има во Христа, иако таа на свештеникот којшто се наоѓа во грев не му донесува никаква благодат, зашто којшто јаде и пие недостојно, судот свој си го јаде и пие, зашто не го разликува Телото Господово, вели Апостолот (1 Кор. 11, 29).

СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995