П.  Што е евхаристија?      
О.  Евхаристијата е тајната на Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос.


П.  Која материја се употребува за оваа тајна?      
О.  Квасен пченичен леб и вино од лозје, обично и неправено.

      
П.  Каква боја треба да е виното?  
    
О.  Православната Руска Црква обично ја врши оваа тајна со црвено вино.*   

  
П.  Каква е формулата на оваа тајна?     
О.  Зборовите упатени кон Бога Оца: И направи го овај леб Чесното Тело на Христа Твој, а виното во оваа чаша - Чесната Крв на Христа Твој, претворени  со  Твојот Свет Дух”. И тогаш лебот и виното се претвораат во Телото и Крвта на нашиот Христос Бог, по дејството на Светиот Дух и молитвата на све штеникот.


П.  Што треба да имаме во предвид при оваа тајна?      
О.  Три работи:

1) свештеникот да биде правилно посветен;

2) престолот или антимнистот да бидат осветени од архиереј;

3) свештеникот да има потполна и несомнена вера дека суштината на лебот и виното со дејството на Светиот Дух се претвораат во суштината на Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос. 

     
П.  Го гледаме ли ние преобразувањето на лебот и виното во Телото и Крвта Христови?      
О.  Не го гледаме, но без сомнение веруваме. 

     
П.  Какво дејствие произведува во нас лебот претворен во Телото Христово и виното,  претворено во Крвта Христова?      
О.  Преку причесувањето со Телото и Крвта Хрис- тови ние се соединуваме со Бога како огнот со желез- дото и постануваме еднотелесни и еднокрвни со Хри ста, според евангелискиот збор  Христов: Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, во Мене пребива и Јас во него” (Јн. 6, 65), и според Апостолот: Вие сте тело Христово и членови негови (1 Кор. 12, 27).  

    
П.  За кого се принесува таквиот леб и вино или поточно - во форма на леб Телото Христово, а во форма на вино Крвта Христова?      
О.  Најпрвин за духовната и граѓанската власт, како  што  тоа  се  гледа  од  проскомидијата и во ектениите; второ, за сите живи, не само за правоверните, туку и за неверните да се обратат; трето,  за умрените во правоверието и за сите црковни потреби, и на крајот, за приносителот на Христовите тајни т. е. свештеникот.

      
П.  На кого оваа тајна му донесува полза?      
О.  На православните христијани коишто ја прима- ат достојно и коишто побожно присуствуваат на извршувањето на таа тајна, т. е. на Светата литургија; потоа за оние за коишто се принесува - живите и мртвите.  

    
П.  Можно ли е да се спасиме без оваа тајна?      
О.  Не е можно зашто Спасителот рече: Којшто го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, пребива во Мене и Јас во него, уште и: Ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Неговата Крв, нема да имата живот во себе” (Јн. 6, 56 и 53).

      
П.  Колкупати во годината му приличи на право-  славниот христијанин да се причести?      
О.  Светата Црква озаконила да се причестуваме во сите четири пости; но обичните луѓе прават смртен грев на непослушност, ако барем еднаш во годината не се причестат, обично околу Светата Пасха, т. е. Великиот пост.

_______________
* Така ја врши и МПЦ (з.н.).  

 


СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995