П.  Што е Света Троица?               
О.  Три Ипостаси или Три лица.

П.  Кажи ми појасно?
О.  Отецот, Синот и Светиот Дух: Отецот нероден; Синот роден од Отецот пред сите векови; Светиот Дух произлегува од Отецот пред сите векови - Света, Единосуштна и Неразделна Троица. 

П.  Не се ли  тоа  три богови?      
О.  Не три богови, туку Еден Бог, во три Ипоста- си - Лица на кои се поклонуваме.

П.  Што е Ипостас?      
О. Ипостас е грчки збор, којшто по руски значи лице, не лице телесно,  туку духовно - во Бога, како во светлоста светлина.

П.  Какво сфаќање треба да имаме за Бога?      
О.  Бог е Пресвета Троица: Отец, и Син, и Свети Дух. Творец на небото и земјата и на сè видливо и невидливо.

П.  Што е тоа видливо и невидливо?      
О.  Видливо е тоа што го гледаат нешите телесни очи, т. е. небото, земјата, сонцето, месечината, ѕвездите и сета украсена вселена, а невидливо  се ангелите Божји и душата човечка. 

П.  Синот Божји, Создател ли е ?      
О.  Создател.      

П.  Светиот Дух, Создател ли е ?       
О.  Создател.      

П.  Не се ли тројца Создатели?     
 О.  Не тројца, туку Еден, зашто Еден е Бог, на кого во Троицата му се поклонуваме и го исповеду- ваме.   

 П. Како Бог го создал толку величественото создание на севидливо и невидливо?      
О. Со збор Господов небесата се утврдија и со Духот на устата Негова, сета сила нивна, - вели Псалмопевцот

  
П.  Колку природи исповедуваме во Бога?      
О.  Една природа.

П.  Каква?      
О.  Божествена.  

П.  Колку суштества?      
О.  Едно  бесконечно суштество.

П.  Што е тоа бесконечно суштество?       
О.  Бесконечно  суштество     е    битие   самобит-но, на кое не му треба друг за неговата битност.

П.  Во колку лица го исповедуваме Бога?      
О.  Во едно лице, таков е Синот, таков е и Светиот Дух, т.е. Отецот е Светлост или Светлина, и Синот, исто така, е Светлост или Светлина, и Светиот Дух е, исто таква, Светлост или Светлина.    

  
ПКолку волји има во Бога?      
О.  Една волја.

П.  Колку Ипостаси исповедуваме во Бога?      
О.  Три Ипостаси - Отецот и Синот и Светиот Дух. 

П Бидејќи така ми кажуваш за Бога, кажи ми накратко: по што Бог е единствен, а по што троичен?     
О.  Единствен по Божеството, како што рековме порано, а троичен по Ипостасите.

П.  Што е кај трите Божествени Ипостаси општо,  а што е посебно?        
О.  Посебно кај Отецот е нераѓањето; кај Синот   раѓањето,   а   кај   Светиот   Дух   исходувањето; а општо кај нив е Божеството и Царството.

П.  Од кого е роден Синот?      
О.  По Божеството од Оца, пред сите векови, како светлина од светлина, на духовен, а не на телесен начин или подобро речено - на неискажлив начин.    

П.  Светиот Дух од кого исходува?      
О. Од Отецот, како што нè поучуваат Еван- гелието и Символот на Светата Вера. 

П.  Дали Бог е видлив или невидлив?       
О. Невидлив, зашто Бог е Дух, Бог е Светлина, Бог е духовна природа, бесплотен, непојмлив, неопишлив, неискажан.

П. Ако Бог е бесплотен, според твоето ка- жување, зошто тогаш Псалмопевецот му припишува многу делови на телото: очи, уши, раце, рамена итн?      
О.  Така Псалмопевецот го опишува Бога за преку телесните видливи знаци да ја изрази дејствителната невидлива Божја сила, со којашто Тој го одржува и го упатува своето создание. Тој е сиот око, и сиот е уво, зашто сè гледа и сè слуша и ништо не може пред Него да биде сокриено; сè е голо и објавено пред Него, и не само  делата  и  зборовите,  туку  и  мислите  на срцето; следствено  на тоа и неговата рака е семоќна и сесилна и сè создава по Неговата семоќ.     

  
П.  А каде престојува Бог?       
О.  Со своето божество Тој е насекаде.   

П.  А дали е секаде со својата благодат?       
О.  Не насекаде, туку само на избрани места.

П.  Што се тоа избрани места?        
О. Храмот Божји кајшто почиваат свети мошти и кајшто се извршуваат св. тајни; особено избрано место за Него е Престолот Божји на небото.


СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995