ДОБРОСЛОВ  - прв том

Доброслов (евергетинос) е зборник на светоотечки поучни текстови, составен во единаесети век од монахот Павле, ктитор на манастирот „ Пресвета Богородица Евергетида  (добротворка) “, кој се наоѓа  надвор од  ѕидините на Цариград.

+++


ВТОР НАСЛОВ
Добро треба да правиме секогхаш, а не да го одложуваме за во иднина.
После смртта нема поправање.

ОД СТАРЕЧНИКОТ
1. Еден брат го прашал ава Пимен: „ Аво, биле двајца луше - еден монах и еден лаик (мирјанин) .  Една вечер монахот помислил утрото да го отфрли својот (монашки ) образ (чин),
а мирјанинот имал намера да стане монах.
Таа ноќ умрелем двајцата и не стигнале да ги реализираат своите одлуки. Значи, што ќе им   се  земе предвид? “
  А старецот одговорил:
„ Монахот умрел како монах , а мирјанинот како  мирјанин. Си отишле во состојбата  во која што биле .“

2. Еден старец рекол:
 „ Еден глас вика по човекот до неговиот последен здив:
 Обрати (покај) се денес.“ 

3. Еден старец рекол:
„ Овој род (демонскиот) не бара денес, туку утре“.

4. Раскажуваа дека еден старец кога помислите му велеле:
 „ Остави денес. Утре ќе се покаеш“, тој им враќал говорејќи :
 „ Не! Денес ќе се покајам, а утре нека биде Божјата волја.“

5. Еден старец рекол: „ Ниту едно  зло што не се остварило не е зло. И ниту една праведност што не се остварила не е праведност.“

ОД СВЕТИ ЕФРЕМ

1. Браќа, сегашноста е време за каење. Блажен е оној што воопшто не паднал во мрежата на врагот.
 Според мене блажен е и оној на кого му се случило да падне во неговата мрежа, но, потоа успеал да ја скине, да се извлече и да се држи далеку од него додека е жив. Зашто, уште за време на животот во тело , тој успева да ја избегне борбата, како рибите што успеваат да избегаат од  мрежата.
Рибата што живее во водата  ( понекогаш) ја фаќаат во мрежа. Меѓутоа, ако ја скине и брзо нурне во длабочината , таа се спасува. Ако, пак, ја извлечат на суво, таа не може да си помогне себеси.
Слично е и со нас.
 Наоѓајќи се во овој живот, ние сме добиле власт и сила од Бога сами да ги кршиме оковите на непријателските намери,  и да го исфрлиме бремето на гревовите со помош на покајанието, спасувајќи се за Царството Небесно.

 Меѓутоа, ако  не надитри (престигне)  онаа страшна наредба ( за смртниот час) и душата го напушти телото, па телото се затвори во гроб, ние повеке не можеме да си помогнеме самите себе си, исто како рибата извлечена од водата и цврсто затворена во кошот.
2. Брате, немој да велиш:
„Денес ќе згрешам, а утре ќе  се покајам.“ Зашто,   ( за  утре) не можеш да бидеш сигурен.
За утрешниот ден се грижи Господ.

ОД АВА ИСААК
Оној што по вторпат греши во надеж дека подоцна ќе се покае, всушност подло оди пред Господа.
Него смртта го затекнува неочекувано, после што не стигнува да направи како што се надевал.

Ќе продолжи...

Подготви: М. Даниловска angelot-od-kurbinovo[1].jpg