vozdvizenie.jpg

ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ КРСТ

Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов (14/27 септември) го празнува наоѓањето на Крстот во 4. в. од св. Елена (мајката на императорот Константин) и неговото подоцнежно избавување од персиското заробеништво од императорот Ираклиј во 7. в., по што бил возвисен во црквата на Воскресението во Ерусалим. Почнувајќи од ова време вселенското возвишение на Крстот се празнува во сите цркви на христијанскиот свет.
Овој ден во Византија дури се претворил во нешто слично на државен празник, а Крстот станал амблем на империјата и се поставувал на ѕидовите од државните згради и на униформите. На денот на празникот тој јавно се возвишувал од епископите и свештениците. Тие со Крстот ги благословувале четирите страни на светот, а луѓето во тој момент пееле Господи помилуј. Овој обред, како порано во црквите, се извршува по свеченото изнесување и воздвижување на Крстот во крајот на празничното Бдение, веднаш по славословието на Утрената.
Тропарот на празникот кој, треба да се каже, бил национална химна на Византиската и Руската империја и се пеела на сите свечени церемонии, првовремено со молитвата бил обратен кон Бога за спасение на луѓето, дарување на победи во војна и зачувување со Крстот на самата држава. Во нашиве денови, како на тропарот, така и на другите песнопеења од празникот им било придадено и духовно значење: противниците се сфаќаат како духовно баззаконите и грешните, следбениците на ѓаволот, а зборовите православни христијани ги заменуваат имињата на бившите владетели.

Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство.
Дарувај им победа над непријателите на сите наши православни христијани и со крстот Свој зашти ти го Твоето наследство (тропар).
На крст беше воздигнат доброволно, Христе Боже, нам, на свое¬то ново жителство што го носи Твоето име, подари ни го своепш сожалување; со својата сила развесели го Благоверниот и Христољубив наш род дарувајќи му победа над противниците; нека ја има Твојата помош во борбата, оружјето на мирот, победа која што не може да му се одземе
(кондак).

Иако празникот Крстовоздвижение, возникнал како политички, тој има особено значење во Црквата во нашиве денови. Тој останува за нас ден на постење и молитви, ден кога споменуваме дека Крстот е единствен симбол, достоен на нашата безусловна верност, и дека нашето спасение не зависи од било какви земни победи, туку единствено од вистинската и неизбежна победа на Христовото Распетие и нашето сораспетие со Него. И кога ние го вознесуваме Крстот и се поклонуваме пред него во почит и прославување, прогласуваме дека припаѓаме на Царството што не е од овој свет и дека нашето изворно и вечно граѓанство заедно со светите му припаѓа на Градот Божји.
Првото старозаветно читање на празникот ни зборува за дрвото, кое ги претвора горч¬ливите води во слатки, симбол на Крстното Дрво (Изл. 15, 22; 16,1).
Второто читање напоменува, дека Господ ги казнува и исправува тие што ги љуби, и дека Божествената премудрост е дрво на животот за тие кои се стекнуваат со неа, и се блажени тие, кои ја чуваат (При. .3, 11-18). Овие зборови, исто така, укажуваат на Крстот, кој, како што гласи апостолското читање на овој ден, за повиканите се јавува како Божја сила и Божја премудрост (I Кор. 1,18-25).
Третото старозаветно читање е извадок од пророштвото на Исаија, и ни говори за градопс Божји, во кој јудеите и идолопоклониците ќе живеат заедно и ќе припаднат при нозете Божји и ќе дознаат, дека Јас сум Господ Спасителот и Откупителот твој, Силниот Јаковлев (Ис. 60,11-16).

Vozdvizenie.na.CHesniot.Krst

На Крстот Твој му се поклонуваме, Владико, и Светото Воскресение Твое го славиме. (Тропар од поклонувањето на Крстот)

Тоа е главно песнопеење на Крстовоздвижението, кое трае осум дена, и многукратно се повторува во богослужбите. На Литургијата тоа го заменува Трисвјатое. Антифоните се заменуваат со соодветни стихови од псалмите, кои непосредно укажуваат на Христовото крстно распетие (Пс. 22, 74, 99). На Утрената, во евангелското читање, Христос говори дека кога ќе биде вознесен на Крст, ќе ги привлече сите кон себе (Ин. 12, 28-36). А на Литургијата, долгото евангелско читање раскажува за Господовите страданија од истото Евангелие.
Може да се каже, дека на Крстовоздвижението Христијаните како повторно да се посветуваат себеси на Господа и ја ветуваат својата совршена верност, поклонувајќи се на неговото распетие и на животворниот Крст. Такво е денешното значење на овој ден во Црквата, ден на постење и покајание.

 

Blaga.odanie.jpg

(Продолжува)