ПОНЕДЕЛНИК ОД СИРНА СЕДМИЦА
УТРЕНА

На Бог Господ: тропар на светиот (2-пати); Слава, и сега:
богородичен, според гласот на тропарот. По првото стихословие, седален од Осмогласник. И го читаме словото од св. Василиј Велики: „Внимавај на себе:" По второто стихословие пееме од

Триод, глас 1.
Подобен: Иако каменот беше запечатен:
Преддверијата на божественото покајание се отворија пред нас: да пристапиме доброволно и да ги очистиме телата, отфрлајќи ја храната и страстите, како слуги Христови, Кој го повика светот во Царството небесно, давајќи Му го на Царот на сите десетокот од цела година, та со љубов да го видиме и Неговото воскресение.
Слава: исто.
И сега: богородичен: Твоите божествени раце, со кои си Го носела Создателот, Дево Пресвета, воплотен со Божеството, рашири ги и помоли Го да се избавиме од искушенија, страдања и неволи, ние кои со љубов те фалиме и кон тебе викаме: Слава на Оној што се всели во тебе, слава на Оној што излезе од тебе, слава на Оној што не ослободи со твоето раѓање.