Најдете време за животот

TVITer344a


Потрудете се да најдете малку време. Малку време за себе, за својот сопружник, за своите деца. Нема сите засекогаш да бидат тука. Поминуваат часовите, деновите, годините и, на крајот, ја губиме драгоцената секојдневност — најнапред со самите себе, а потоа и со своите најблиски.

Повеќето луѓе денес не знаат зошто толку брзаат, а на крајот, со сето она за што велат дека се трудат да го создадат, создаваат болести и проблеми. Натпреварувањето, споредувањето, судирите и постојаната желба за нешто повеќе, за нешто подобро, буквално ни ја јадат душата.

Во најмала рака, посветете еден ден на себе, на Бога и на семејството. Оваа благословена недела.

Одете да Го сретнете Оној Кој ве создал, да Го слушнете, да стапите во заедница со Него и да седнете на иста трпеза со Него, зашто Тој е најпосакуваниот Гостин на неа.

Потоа, не одете веднаш дома. Излезете некаде со семејството и пријателите. Малку разговор, малку насмевки, хумор, размислување и едноставност. Малку живот…

Животот минува и на крајот нема да успееме ни да поживееме како што треба. Сигурно е дека ќе имаме доволно време да се разболиме, а притоа ќе заборавиме да живееме…

 

— Отец Спиридон Скутис / Подготви С.Стефковски

26.10.2026