TviTER18.petolebie1

Петолебие
          Во текот на Великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло и пченица за благослов на семејството.
Петолебието е кратка служба на Благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот.
Ова благословување на петолебието е во спомен на чудото Христово кога со 5 леба нахранил 5000 луѓе.
Оваа служба традиционално се извршува во петоците на вечерна во првите пет седмици од Великиот пост и на празнично вечерно богослужение и други посебни пригоди.
По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.
За жал денес многу Христијанки не знаат што значи тоа, да принесеш една просфора. Повеќето трчаат во соседните пекари, купуваат просфора и ставајќи ја во едно ќесе, ја носат во црква.
Треба да запомнеме дека лепчиња измесени со молитва е Богоугодно.
Зошто се принесува петолебие?
Лебот е најдрагоцен дар на олтарот.
Со нив треба да се приложи и лист со испишани имиња на живите членови на фамилијата за да ги спомне свештеникот на Богослужбата. Лебот не е скап артикал, но е од непроценлива вредност штом ќе стигне до светиот олтар. Нема поголема чест ниту привелегија 3a домаќинката со своите сопствени раце да замеси пет лепчиња кои на Светата богослужба ќе ce осветат и благословат.
Само на Црковното членство му припаѓа тоа право да ги подготви и да ги принесе. Затоа наша света должност е верните да ги учиме, советувама и подготвуваме како да ги подготват и да ги принесат како дар на свет олтар. Црковното членство не смее да го изгуби чувството и обврската да дарува петолебие во својата црква.
Верните не треба да се пасивни посматрачи, туку треба активно да учевствуваат и да се молат во нив.
Амин.

TviTER18.petolebie


--‐-----------------------------------------------------
Петолебие:
800 гр.брашно
2 лажичиња сол
1 лажица шеќер
Малку крстена вода
1 квасец
500-550 мл.вода млака
Се замесува тесто,стасува и се дели на 10 дела. Се расукуваат колку тацна. 5 од нив се премачкуваат со вода и се лепат по 2. Веднаш им се посолува брашно и се става печат со калапот (крсникот). Се редат во тепсија, стасуваат и се печат. Нека помага Бог на сите.


Молитва за месење просфора
(Се кажува во време на подготовка за месењето на просфората)
Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, кој си насекаде и сè исполнуваш, ризницо на благата и на живот подателу, пријди и всели се во нас и очисти нè од секоја нечистотија и спаси ги, Благи, душите наши.
Свети Боже, свети Крепки, свети Бесмртни, помилуј нè. (три пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Пресвета Троице, помилуј нè, Господи, очисти ги гревовите наши, Владико, прости ги беззаконијата наши, Свети, посети и исцели ги немоќите наши, заради името Tвое.
Господи, помилуј. Господи, помилуј. Господи, помилуј.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Отче наш, кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насуштен, дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај нè во искушение, но избави нè од лукавиот.
И молитвата:
Господи, ти благодарам во овој свет час, кога ме удостои со грешните мои раце да ги замесам Пречистите Дарови на Твојата љубов. Ти се молам, испрати Го Твојот Пресвет Дух, Кој ги благословува сите Таинства на Црквата, да ги благослови и овие Дарови, за да бидат добри и благопримени на Твојот Свет Жртвеник. И Ти се молам, да ги примиш, како што ја прими жртвата на Авел, славословието на пастирите, даровите на мудреците, солзите на Петар и покајанието на Разбојникот. И удостој ме секогаш да ти ги принесувам совесно.
Амин.
По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, Боже, помилуј и спаси нè. Амин.☦️

 

 

фб Животот е борба