Maska.zanarcis3

МАСКА ЗА НАРЦИСИ

                       Мојот ѕид на социјалните мрежи се претвори во витрина на мојот егоизам и давам се од себе таму да бидат изложени производите на мојот живот, за да добијам лајкови и виртуелни срца и да се чувствувам подобро.
Родителите ги објавуваат успесите и дипломите на своите деца, снимки од нивните бебиња од породилиштето и слики од нивните деца кога завршуваат факултет, а под нив следат неверојатни коментари: „Совршено! Совршено! Таа е твојата принцеза! Убав е, девојките ќе трчаат по него!“. Што ќе се почувствува детето читајќи ги овие коментари? Смирение или егоизам? Што ќе се случи со оваа детска душа при првиот удар во животот, кога сте ја надуле со егоизам и сте и всадиле дека е уникатна и најдобра на светот?
Лични фотографии кои минуваат низ фотошоп многу пати пред да бидат објавени на мојот ѕид за да заврнат срца и да ми го подобрат расположението и животот. Што се крие зад сето ова? Несигурност и неверојатен нарцизам. На крајот на краиштата, за што ги користиме социјалните мрежи? Зошто ни се потребни? Некои ги користат за професионални, образовни или пастирски причини, други за информирање, додека дел од општеството сака да живее преку нив и да покаже нешто лажно, маскирано како вистина за да се почувствува подобро. Но, што се случува кога ова здание ќе се урне во реалноста? На крајот на краиштата, дали знаеме што сакаме од животот?

Maska.zanarcis1        

 

 

       Љубов кон теоријата и отфрлање на случајот. Живееме во време во кое сме се заљубиле во теоријата и мртвите филозофии. На пример, на Фејсбук читаме стихови полни со философија и љубов и си велиме: „Ах, надвор живеат ангели, а не луѓе!“. Но, работите не се такви. Убави се стиховите објавени на ѕидовите на социјалните мрежи, но кога одам да разговарам со сопругата, со детето, со сопругот, со шефот или со соседот, тогаш сè оди во кино и јас го покажувам своето вистинско јас. Особено ние, свештениците, кога гледаме како луѓето споделуваат срца, цвеќиња или стихови и се изјаснуваат против злото, а тие самите се злобни, тогаш имаме „ читање преку лицемерието “. На крајот на краиштата, со толку многу љубов на социјалните мрежи, зошто има толку многу зло таму во светот? Значи нешто не е во ред.
                       Некој на сопствениот ѕид на Фејсбук пишува дека не сака предавство и лицемерие, а можеби тој испушта отров колку што имаат сите змии на светот. Убава е сцената со кафе во рака, со лаптоп на нозете и споделен стих од некој филозоф или свет отец. Но, што се случува во пракса? Всушност, на чуден начин сите одат во кино. Во секојдневната средба со вистината, со реалноста, со лагата, со пропагандата забораваме на се и се открива нашето вистинско јас. Се разбира, ние никогаш не сме виновни. Секогаш е крив другиот, па ајде да објавиме стих за убод во грб за да испратиме злонамерна порака со многу приматели.
Ова е маската на социјалните мрежи. Некој е Понтиј Пилат во неговиот живот, но на Фејсбук го глуми преподобниот Онуфриј за да добие лајкови и да го задоволи својот нарцизам.
Должни сме да се вљубиме во делата на духовниот труд. Да ги оставиме теориите и филозофите, а на кој му стиска, како што вели народот, нека зборува директно; да ги оставиме розовите стихови, цветови и панделки бидејќи не сме во основно училиште. Ги гледате ѕидовите на Фејсбук и велите: „Леле! Колку љубов има во светот!“. Но, кога го гасиме екранот, гледаме нешто сосема поинакво.

 Maska.zanarcis2


                     Отците на Црквата нè поттикнуваат да го љубиме подвигот, бидејќи тој е мајка на осветувањето. За да се направи тоа потребен е труд, читање, молитва, метании. Секојдневно треба да излегуваме од удобноста, да се менуваме и да го насочиме компасот на нашето битие кон исток, каде што изгрева Сонцето на правдата Исус Христос, за да блесне вистината во нашите животи.
Ајде да станеме вистинити и едноставни насекаде - во реалниот живот, на социјалните мрежи, во супермаркет, кога го паркираме автомобилот, кога разговараме со нашето дете или кога ја гушкаме сопругата. Да го отфрлиме лажното, бидејќи во спротивно ќе добиеме повторно нешто лажно. Лажни очи, лажни усни, лажни насмевки, лажни нозе. И сето тоа за да победи што? Еден лајк на Фејсбук или Инстаграм за да дознаеме колку сме убави. Една површна врска, една убава вечер за да кажеме: „Конечно таа е моја!“.
А кога ќе се занимаваме со срцето? Со нашиот внатрешен младнец кој постојано плаче затоа што во него отсуствува Христос, кога ќе се занимаваме сериозно со него?
                          Да ги фрлиме маските во корпа за отпадоци и да ги живееме нашите животи вистински и автентично. Да дозволиме нашето „битие“ да ја расплетува својата реалност за да ја научи својата дијагноза, да ги залечи сопствените рани и да се трансформира преку светата тајна на Исповедта. Со други зборови, во соработка со благодатта.

 

Автор: о. Спиридон Скутис / богоносци.бг
Подготвил – Симеон Стефковски

18ти февруари 2024 лето Господово