Акатист на преподобниот Евтимиј Велики


Кондак 1
Со оглед на тоа што пред раѓањето беше избран од Севидниот Бог за Негов слуга и дека беше прекрасен плод на бездетни родители,добивајќи име кое значи утеха,навистина на многумина им беше утеха.Затоа моли го Господа на кој верно му служеше да не избави од секое зло,за радосно да ти воскликнуваме:
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Икос 1
И пред твоето раѓање,родителите твои ветуваа дека ќе те посветат на ангелски монашки чин.Ова ветување го исполни твојата мајка Дионисија и те доведе уште како дете на својот брат,презвитерот Евдоксиј.Тој повторно,те одведе на мелитијскиот епископ Евтропиј:тој пак,кажувал за видение и Божествен глас кој го информирал за твоето раѓање.Радувајќи се,епископот воскликна:
Радувај се,блажено дете,бидејќи навистина Духот Божји почива на тебе!
Радувај се,бидејќи спрема прекрасната промисла Божја уште во детството светот си го напуштил!
Радувај се,бидејќи си ја засакал тишината и безмолвието!
Радувај се,голема утехо на твоите учители,Акакија и Синодија!
Радувај се,бидејќи си украс на Црквата!
Радувај се,бидејќи твојата блажена мајка Дионисија,верно на Црквата и послужи и постана ѓакониса!
Радувај се,бидејќи својот живот неподелено на Господ си го предал!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 2
Кога епископот на мелитијската Црква видел дека усрдно ги изучуваш Боженствените книги,и исто така и твојот девствен и добродетелен живот,те постави за презвитер и ти повери старателство и грижа за манастирот.Ти пак,блажен Евтимије,си ажалил заради тоа,бидејќи си сакал безмолвие,каде во тишина ангелски си му пеел на Бога:Алилуја!
Икос 2
Имајќи ум просветлен со Боженствена мудрост,ти,Свети Свтимије,си разјаснил дека,заради спасение на твојата душа,е покорисно усаменичко бемолвие,и така си се сокрил во безметежно пристаниште,во фаранстејската монашка лавра.Тука си Му угодувал на Господа,заради што вака ти воскликнуваме:
Радувај се,посмирен од сите останати монаси!
Радувај се,бидејќи си поставен за нивен старешина!
Радувај се,бидејќи си се грижел за манастирите!
Радувај се,ревнителу на монашки живот!
Радувај се,бидејќи не си ги видел човечките пофалби!
Радувај се,бидејќи заради тоа во лаврата фаранстејска си побегнал!
Радувај се,бидејќи таму,хранејќи се со трудот на своите раце,непрестајно пофалби на Бога си му вознасувал!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!


Кондак 3
Со силата на братска љубов си бил поврзан,преподобен Евтимије со монахот Теоктист,и како да сте во две тела сте имале една душа и една волја.Сте навикнале секоја година,во осмиот ден по празникот Богојавување на Господ во пустината кутилијска да излегувате,каде сте живееле се до светлото Воскресение Христово,исцрпувајќи ги своите тела со пост,а душата сте ја веселиле со песна:Алилуја!
Икос 3
Копнеејќи по потполна осаменост,вие,свети пријатели пронајдовте пештера и и се радувавте како од Господа укажано место.Затоа не се вративте во Лавра,туку се населивте во таа пештера,а вашата храна ви беше тревки.Гледајќи таква мудра ограницираност,вака ти воскликнуваме преподобен оче Евтимије:
Радувај се,бидејќи заради осамеништво си ја напиштил Лавра!
Радувај се,бидејќи си,со окови на свето пријателство со Теоксит поврзан,заедно со Него во молитва на Единиот Бог пофалба си му вознесувал!
Радувај се,бидејќи луѓето дознаа за вашето засолниште и почнаа да ви приоѓаат,барајќи спасение и исцелување од болести!
Радувај се,бидејќи сите оние што доаѓаа кај тебе кон својот пријател Теоктист си ги упатувал,не сакајќи да се лишиш од безмолвие!
Радувај се,бидејќи за кратко време овде киновија устроила,така што вашата пештера,која некогаш била собиралиште на ѕверовите,црква постанала!
Радувај се,бидејќи браќата се навикнаа своите помисли да ти ги откриваат!
Радувај се,бидејќи си ги поучувал на вистински монашки пат!
Радувај се,бидејќи спасение првенствено си очекувал од смирение и послушание!
Радувај се,бидејќи си се научил сопствената волја да ја отсечеш!
Радувај се,преподобен оче Евтимије Велики!
Кондак 4
Блажени се оние што од световната бура и конфузија притекнаа и се сокрија под покривот на твојата обител!Тука задобија мир и безмолвие,и над се тебе,преподобен оче Евтимије,за премудар учител,кој си ги поучувал за се благодарно да Му пеат на Бог:Алилуја!
Икос 4
Слушајќи ги твоите поуки,оче Евтимије,браќата во срцето осетија умиление и со духот кон Небото се устремија,а тебе,исцелителу на нивните души,воскликнаа:
Радувај се,премудар учителу!
Радувај се,бидејќи бесплатно ги исцелуваш духовните болести!
Радувај се,бидејќи сите ги повикуваш да го чуваат воздржанието!
Радувај се,бидејќи не поучуваш често да се опоменуваме од смртта!
Радувај се,бидејќи на монасите им заповеда да не го запостават телесниот труд!
Радувај се,бидејќи сите нив си го поучил да го подражуваат светиот апостол Павле!
Радувај се,бидејќи си ги поучувал да страхуваат од огнот вечен!
Радувај се,бидејќи си ги опоменувал над се да го љубат царството Небесно!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 5
Како од Бога избрана ѕвезда си бил,свети Евтимиј,кога сараценскиот старешина Аспревет,како јелинска вера,со болниот син,детето Теревон,посака да ја прими светата Христова вера.Тогаш,преподобни,во сон си му се јавил и си му заповедал да дојде кај тебе во пустината каде ќе пронајдеш исцеление.Кога со сараценската војска дојде кај тебе,си го исцелил болното дете,заради што сите во Христа поверуваа и крстење од тебе примија,радосно на Бога пеејќи Му:Алилуја!
Икос 5
Кога ова го видоа и слушнаа,многу болни почнаа да доаѓааат кај тебе,исцелителу кој бесплатно си лечел,и добивајќи од тебе исцеление,те прослвија по целата таа земја.Ти пак,блажен Евтимије,не поднесувајќи ја славата,си на напуштил оваа киновија и со себе си го понел само својот ученик Доментијан.Сте излегле во пустината покрај Мртво море и таму сте нашле стара ќелија покрај гората Марда,каде сте се населиле.Од таму си преминал во пештера,како Давид кога се криел пред Саул,а и таму,Евтимије,си подигнал манастир.Со чудата кои си ги творел се умножила твојата слава,па повторно си отишол и си нашол мала пештера покрај киновија Теоктисова.Тука си си населил и тука си останал се до своето упокојување.Гледајќи ја твојата љубов спрема безмолвието со умиление ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи над се си го засакал пустиножителството!
Радувај се,бидејќи многу неверни во верата Христова си ги преобратил!
Радувај се,разобличителу на манихејското неверие!
Радувај се,бидејќи Православните Христијани во вистинската вера си ги укрепил!
Радувај се,бидејќи со своите чудеса си го прославил Бог!
Радувај се,бидејќи си бил противник на својата сопствена слава!
Радувај се,бидејќи многу манастири,а исто така и големата Лавра си ја подигнал!
Радувај се,бидејќи по твојот благослов Господ надомести во манастирот недостаток во живот,вино и масло!
Радувај се,преподобен оче,Ефтимије Велики!
Кондак 6
Си бил проповедник на вистинско покајание и послушание,Велики Евтимије,како што си советувал дека е бескорисно да се одвојуваш од својот манастир и да бараш подобар,говорејќи дека најголемо богатство престојување во сопствената ќелија,во трпење на сите тешкотии на монашкото живеење,пеејќи Му на Бога:Алилуја!
Икос 6
Заблескувајќи со пророчки дух,си предвидел,свети Евтимије,дека Анастасије,кога овој дошол кај тебе,ќе постани патријарх,а исто така и други чуда си створил,многу браќа со поуки раководејќи и вразумувајќи ги.Вразуми не така и нас грешните и непотребни,поучувајќи не нас,угледувајќи се на твоето житие,да твориме што е богоугодно и да ти воскликнуваме:
Радувај се,прозорливче,бидејќи иднината како сегашност си ја гледал!
Радувај се,бидејќи многу болни си исцелил!
Радувај се,бидејќи со многу поуки на своите ученици начин на покајание си им покажал!
Радувај се,бидејќи си верувал дека оние што сакаат да се спасат,спасението не го приведува местото,туку душевното устројство!
Радувај се,бидејќи со својата молитва си спуштил дожд од небесата!
Радувај се,бидејќи со твоите молитви Господ на таа земја и подари плодност!
Радувај се,бидејќи со твоите поуки се умножија вистински монаси во твојата Лавра!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 7
Сакајќи да ја укрепиш вистинската православна вера,си примил од своите ученици,епископот Стефан и Јован,запишани дела на Четвртиот Вселенски Собор,кој беше во Халкидон,а кде е разобличено зловерието на Диоскор,патријархот александриски.Тогас по цела палестинска пустина се разгласи дека великиот Евтимиј ги следи одлуките на Халкидонскиот собор.Радувајќи се на тоа,монасите запеаја:Алилуја!
Икос 7
Новиот непријател на вистината,еретикот Теодосиј,со лажливи зборовви го наклевети Халкидонскиот собор.Тој привлече кон себе многумина,меѓу нив и царицата Евдокија,и низ многу лукавства седна на патријаршкиот престол.Од таму почна да ги прогонува оние што ја држеа Православната вера,првенствено копнеејќи да ги привлече во замката своја ересите и тебе,преподобен Евтимије.Ние,пак,оче,кои те гледаме како непоколевлив тврдина на Православието,вака ти воскликнуваме:
Радувај се,столбе на Православието!
Радувај се,тврдино која не ја поколебаа еретичките ветрови!
Радувај се,бидејќи заблудениот пустиножител Герасим повторно кон вистинската вера си го обратил!
Радувај се,бидејќи со мноштво браќа во пустината си се оддалечил!
Радувај се,бидејќи после лажниот пад на лажниот патријарх Теодосиј повторно во Лаврата си се вратил!
Радувај се,бидејќи си виден како,обземен со Боженствен пламен,со ангелите служиш света Литургија!
Радувај се,бидејќи своите собраќа ревносно си ги поучувал со чиста совест и страв Божји да пристапуваат кон Светите Христови Тајни!
Радувај се,бидејќи си провидел со какво расположение секој од браќата пристапува кон Светата Причест!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 8
Бивајќи страшно и неразумно прелестена Евтигиевата ерес,царицата Евдокија почна да се колеба и не знаела на која исповед да се придржува.Тогаш преподобниот Симеон Столпник ја прати кај тебе,свети Евтимиј,и примајќи поука да се придржува до учењето на Четирите Вселенски собори,се просветли нејзниниот ум и таа му запеа на Бог:Алилуја!
Икос 8
Целиот си бил во Бога,блажен Евтимије,и со блексањето на твоето житие си привлекол кон себе нови ученици.Така и преподобниот Сава,иако сеуште млад,дојде кај тебе барајќи спасение,како и многу други,одвраќајќи ги своите очи од световниот метеж и притекнувајќи кон мирно прибежиште.Ти пак сите со татковска љубов ги прифати,прозорувајќи дека сите тие ќе постанат столбови на Црквата.Заради тоа,оче,вака ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи многу духовни светилки кај тебе прибегнаа!
Радувај се,бидејќи како квачка под своите крила си ги собирал сите кои бараат монашки подвизи!
Радувај се,бидејќи во младиот Сава си прозрел голем учител на монаштво!
Радувај се,бидејќи двајца пустњаци нутриски,Мартириј и Илија,си ги примил!
Радувај се,бидејќи во нив се предвидел наследник на престолот на апостол Јаков,братот Господов и патријарх ерусалимски!
Радувај се,бидејќи со себе си ги повел во пустина!
Радувај се,бидејќи таму со своја рака овие големи подвижници си ги причестил со Свети Христови Тајни!
Радувај се,бидејќи си ги сакал своите ученици и татковкси си ги воспитувал!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 9
Цела природа ангелска се исполни со радост гледајќи го твоето рамноангелско живеење,Велики Евтимиј,и умножување на монашката обител околу тебе која во ангелски чин го прославува Бог и пее:Алилуја!
Икос 9
Ни сите речити говорници не можат достојно да го возвеличаат твојот дар на прозорливост,преподобен Евтимиј,со кој се идно како сегашно си го проникнувал и многу си прорекол.Приклонувајќи ги колената пред Бог кој на тој начин го прославил својот угодник,со страв Божји ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи Господ те удостоил со разновидни дарови!
Радувај се,пркрасен прозорливче!
Радувај се,бидејќи на Атанасиј,си му прорекол дека ќе биде патријарх!
Радувај се,бидејќи сите се восхитија на исполнувањето на ова пророштво!
Радувај се,бидејќи царицата Евдокија во Православието си ја укрепил!
Радувај се,бидејќи блиска смрт си и претскажал!
Радувај се,бидејќи се исполни ова пророштво и блажена Евдокија,ктоторка на многу храмови,набрзо починала во Господа!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 10
Како огнен столб си бил,прподобен Евтимије,на сите што копнееле за спасение,поставувајќи ги оние што лутаат по житејската темнина кон земјата на Небесниот Ханан каде сите радосно Му воскликнуваат на Бог:Алилуја!
Икос 10
Со тврдината на твоите молитви и поуки,свети Евдокије,а првенствено со твојот рамноангелски живот,си ги оградил своите ученици,заради што радосно ти воскликнуваме:
Радувај се,добар пастиру на словесните овци!
Радувај се,оче,кој си израдувал многу од твоите чеда!
Радувај се,бидејќи Теоктис,твојот искрен пријател и соподвижник во болест си го посетил и утешил!
Радувај се,бидејќи последното целивање со љубов си му го дал!
Радувај се,бидејќи на погребот Теоктисов си го сретнал Атанасиј,на кој си му прорекол дека ќе биде патријарх!
Радувај се,бидејќи преподобниот Сава во пустината со Себе си го повел!
Радувај се,бидејќи нему,од жед и пат изнемоштен,со својата молитва водата од земјата си ја извел!
Радувај се,прреподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 11
Оттргнувајќи се во пустината осмиот ден по Богојавувањето Господово,си принесол вообичаено молитвено пеење,блажен Евтимиј.Прорекувајќи дека ти се приближува крај,си посакал,преподобни,да бидеш во Лавра,припремајќи се за својот исход,за се благодарно пеејќи Му на Бог:Алилуја!
Икос 11
Твоето лучезарно житие,Велики Евтимије,се приближи до својот крај,и ти се припреми плодовите од своето лозје да ги принесеш на домаќинот на Вселената.Гледајќи дека се приближил крајот,си ги собрал презвитерите на својата Лавра,за на сите да им дадеш псоледна поука.Додека плачеле како чеда кои се разделуваат со таткото,вака говореле:
Радувај се,голем пастиру на многу овци!
Радувај се,бидејќи вистинската вера си ја сочувал и со неа си ги поучил заблудените!
Радувај се,бидејќи последна поука си им дал на своите чеда нивниот образ никогаш да не биде нарушен!
Радувај се,бидејќи си рекол дека доблест без љубов не може да се достигне!
Радувај се,бидејќи си рекол дека секоја доблест се укрепува со љубов и смирение!
Радувај се,бидејќи си поучувал никогаш да не се напуштаат светите преданија и манастирските устави!
Радувај се,бидејќи си заповедал манастирските двери никогаш да не бидат затворени за намерниците!
Радувај се,бидејќи си им заповедал да се грижат за сиромасите!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 12
“Задобивајќи важност пред Бога,имам благодат да побарам со духот секаде да живеам со вас”,си му ги изговорил последните зборови на своите ученици,блажен Евтимије,а тие,плачејќи заради твојот исход,доби утеха од овие зборови и со умиление воскликнуваше кон Господ:Алилуја!
Икос 12
Пеејќи за твојот труд,подвизи и дарови-а нив уште од мал од Бог си ги задобил=те фалиме,преподобен оче,и со љубов ти воскликнуваме:
Радувај се,бидејќи уште од младдоста цел живот на Господ си му го предал!
Радувај се,бидејќи си возраснувал од сила во сила!
Радувај се,орле,чија мисла во висините летала!
Радувај се,бидејќи обител со земските ангели си создал!
Радувај се,бидејќи Владиката Христос те удостоил со дар на прозорливост!
Радувај се,непресушен изворе на исцеленија!
Радувај се,учителу на големи подвижници!
Радувај се,бидејќи и после смртта своја духовните чеда верни си ги чувал!
Радувај се,преподобен оче,Евтимије Велики!
Кондак 13
О,пречудесни и преславни оче Евтимије!Прими го од нас непотребните ова мало молење и не ја осудувај грешната уста која се осмели да го прославува твојот труд,подвизи и чуда,туку милостиво погледни на сите што бараат спасение,молејќи се за нас на Господ да се очистиме од земската суета и со чисто срце да пееме:Алилуја!
(овој Кондак се чита три пати,а потоа повторно се чита Икос 1 и Кондак 1)