Hristos.Erusalim3

     "Бог ни има сѐ дадено – и постоење и живот; и толку многу постојано ни дава, што сѐ околу нас е дар Божји, и просто е неописливо. Само ние сме духовно слепи. Вообичаено, очите ни се отвораат – на ниво на душевност, кога ќе се соочиме со смртта. Давањето ни ги отвора и духовните очи; со други зборови тоа ни дарува – просветлување на умот. А колку ние Нему Му даваме се мери со времето поминато во молитва. Тоа е, и самите знаете, речиси ништо.
           Кратко речено: освестете дека сѐ што ви се случува, ви се случува за да се промените себеси, не нешто друго и не некој друг. А се менуваме себеси за да го восогласиме нашиот живот со Христовиот живот и да излеземе од ропството на гревот, демонот и смртта. Затоа, не губете време променувајќи некој друг или нешто друго – затоа што проблемите може само да се усложнат, туку променете се самите себе.'


Дедо Наум

 

2023