TVIT760

 

           Секоја година, од денес (11.08.2023) до 15 август, во црквата Богородица во селото Маркопуло во јужна Кефалонија се случува чудесен настан каде што се појавуваат змии кои лазат во црквата и особено околу иконате на Богородица.
Змиите се мирни и безопасни, а илјадници верници сведочат дека се топлокрвни, што никаде во светот не е познато.

         Во црквата во Маркопулос веќе се појавија првите две змии. Жителите овој настан го поврзуваат со чудотворната икона, која на необичен начин на мештаните им покажала каде да го градат овој храм посветен на Успение на Пресвета Богородица.
          Високо на ридот на селото Маркопуло во јужна Кефалонија, селаните виделе како гори дрво, а пламенот се издига на неколку метри. Веднаш помислиле дека шумата се запалила. Се загрижиле и истрчале да го изгаснат пожарот, да не изгори шумата и селото. Кога пристигнале селаните виделе само едно дрво целосно изгорено, а на неговиот корен почивала многу убава икона на Богородица, која огнот не ја ни допрел. Селаните возбудени ја зеле иконата во раце, ѝ се поклониле и ја однесле во својата црква. Следното утро, останатите селани влегле во црквата да се поклонат на иконата на Богородица. Но, иконата никаде ја немало.
        По темелно пребарување, иконата е пронајдена во шумата, повторно положена на корен од изгорено дрво. Веднаш била вратена во црквата, каде овој пат била заклучена. Но истото се случувало уште три пати. Иконата исчезнала и повторно била пронајдена на изгореното дрво. Тогаш селаните поверувале дека е желба на Богородица да биде таму и затоа изградиле црква и ја поставиле нејзината икона во прекрасен иконостас. По некое време бил изграден и женски манастир. Монахињите секојдневно се молеле на Пресвета Богородица.
         Меѓутоа, едно утро во 1705 година виделе пиратски чамци како се приближуваат и пирати како се качуваат кон манастирот за да го ограбат. Тогаш монахињите се исплашиле и побарале заштита од Богородица. Потоа повторно се случи чудо. Кога пиратите влегле во селото, ги пречекало мноштво змии кои лазеле по ѕидовите и подот... Манастирот бил опколен со змии, пиратите избегале, а монахињите биле спасени.
         Оттогаш, змиите се појавуваат секоја година, освен 1940 година, кога Грција влезе во Втората светска војна и 1953 година, годината на разорниот земјотрес во Кефалонија. Ако некои години не се појават змиите, се верува дека ќе се случи нешто лошо, како во 1940 и 1953 година, кога островот го погодија силните земјотреси.
         Ниту еден од експертите кои ги испитувале змиите не може да ги класифицира во некој од познатите видови. Овие се сиви, тенки и долги до еден метар. Кожата им е кадифена, а на главата, како и на врвот на јазикот имаат мал крст. Илјадници верници сведочат дека змиите се топлокрвни, што не е познато никаде во светот. Змиите лазат околу црквата и особено околу иконите на Богородица. Змиите се мирни и безопасни, а верниците на овој настан гледаат како на чудотворна манифестација на Бога и Пресвета Богородица.
           Во Кефалонија, милоста Божја и побожноста на жителите не престанале уште од апостолските времиња: пример за тоа се црквите и манастирите каде што се случуваат чуда и необјасниви појави за денешната наука. Тоа е островот на кој престојувал свети апостол Павле кога патувал со брод од Цезареја до Рим на судење во 59 година од нашата ера. Тогаш бродот го зафатил големо невреме, па апостолот останал во Кефалонија три месеци.


Преземено од Елена Сергеј

 Од денеска (11.08) па се до 15 август излегуваат Богородичните змии или уште змиите Панагија