TViTer539

МОМЕНТОТ НА ИЗВИНУВАЊЕТО

Ведрана ги отвора очите и прво пред себе го гледа Пркос. Му се насмевнува.
-Ведрана, добра ли си?
- Подобро ми е. Слава на Бог и денес ни помогна!
- Ми помага и на мене себичниот, како да не ти помогне тебе, која Му припаѓаш?
- Сите ние сме негови деца. Бог не прави разлика. Сите нас подеднакво не’ љуби.
- Ведрана, сега додека сме сами, сакам да ти се извинам за злото кое што ти го направив. Јас сум крив за се’. За малку ќе те убиев! Те молам прости ми! Извини, извини, извини!...
Ведрана му се насмевнува.
-Доста! Те слушнав!
Пркос не престанува, се додека Благороден и Цветана не влегоа во собата. Братот се наведнува и ја милува својата сестра по косата.
-Значи и Ветрот може да се повреди кога брзо трча?
- И тоа се случува кога не се внимава, брате мој!
- Ведрана, зарем ти си Ветрот од Ти – градот?
Пред да успее да одговори, зборот го презема Цветана.
-Ама ајде! Зарем тоа сега прв пат го слушаш Пркос?


Нашата Ведрана трча брзо и внимателно. Ова е прв пат да се повреди.
-Цветана преувеличува! – додава Ведрана.
Цветана го прекрстува рачињата и навредена се повлекува во аголот.
-Никогаш не лажам!
Братот и сесрата се смеат на нејзиниот израз на лицето. Пркос е малку збунет, но бргу се прибира.
-Ајде да ги ставиме нештата на свое место! Јас ја предизвикав повредата на Ведрана.
-Пркос, престани! – му се обраќа Ведрана.
-Те молам, допушти ми да продолжам!
Во тој момент стигнуваат и родителите на Ведрана.
-Значи, бидејќи сега сте сите собрани, сакам да ви кажам дека јас сум крив за повредата на Ведрана. Додека трчав ме, сакав да ја престигнам на една остра кривина и тука се случи злото. Прво Ведрана, а потоа и вас ве молам да ми простите!
Никој од нив не покажува дека  се лути на него.
-Се’ е добро,кога добро ќе се заврши! – одгоара госпоѓата Добра.
Господинот Трпелив го гушка Пркос.

TViTer538
-Дете мое, слушај! Кога Бог допушта да се случи нешто лошо, на крајот од тоа се раѓа нешто добро. Запамти го тоа!
Пркос, чувствувајќи ја љубовта коај му ја укажуваат, не може да ги задржи солзите.
-Кутар мој Пркосе, не плачи! Ќе видиш дека еден ден ќе победиш.
Тој цврсто ја стегна во својата прегратка. Не може да и’ го објасни ова што го чувствува прв пат: радост и тага истовремено. Покајните солзи ја исполнувааат неговата душа со нежност и ведрина. Не сака да зборува,  бидејќи се плаши дека преку зборовите ќе го изгуби она што го задоби.
 

Извор: Из Ја Града у Ти Град (издание на Беседа-Нови Сад 2007)

Подготви: М. Б.

2022 Лето Господово

 

Друго:

http://www.google.com/search?q=%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%B8+%D0%92%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D1%83%D0%BB%D1%83&sitesearch=preminportal.com.mk