TViTer371

За прифаќање на сопственото Jас
( втор дел )


Кога те судат строго, а вознемиреноста  ти го гуши срцето, запомни една работа, дека сите оние кои сега се собрани да те судат, беа отсутни во часовите на твојот најстрашен пекол и искушенија. Обично нашите клеветници се оние кои ја одиграле најгрдата улога во нашите животи. Тие што немилосрдно не судат беа оние кои ни го држеа ножот над раната и рамнодушно ни го забиваа насмевнувајќи се над нејзе.
Каде беа сите тие кога “умиравте”? Отсутни и рамнодушни. Окупирани со нивните работи, семејства и преокупации.
Кој погледна да види дали дишете? Дали вашето срце сè уште чука во надеж? Дали издржавте во таа положба и ситуација? Имаше ли некој? И сега што точно сакаат да направат? Ве судат за што точно? За вашата грешка? За таа, која  беше вашиот единствен излез за да се одржите? Да, многу пати грешката е единствената вистинска работа што можете да ја направите пред крајот на овој живот.
Доволно е веќе. Не дозволувајте  повеќе никој да си игра со вас, само Еден може да ви суди и Тој тоа ќе го направи со бескрајна љубов - Бог.
Затоа што само Христос може целосно да не разбере.
Само во твоите очи, Христе, наоѓам мир, затоа што знам дека ме знаеш без јас да зборувам со Тебе, дека ме сакаш без ништо да ти дадам, не ме осудуваш ако мојот живот е распарчен, не очекувај ништо од мене, освен само мене. Ти ме спаси ако требаше да одам во пеколот. Заспав во многу прегратки, Христе мој, но само Твојата благоухаше. . .
***
Чувствителноста за тој што ја има е крст, за оние околу него - воскресение.
***
Престанете да ги оправдувате сите и да се обвинувате само себеси. Не е секогаш ваша вина. И вашето Јас има  потреба  од разбирање.
***
За да ги издржиме другите, мора да се издржиме себеси.
***
Кога не се чувствувам добро, чувствувам како луѓето повеќе да се грижат за мене. Оттука моето болно и скриено јас прашува: зошто да оздравам кога во „болеста“ добивам повеќе. На крајот на краиштата, зарем болеста не би била попожелна и поудобна за одредени луѓе?
***
Скапо ја платив таа насмевка на моите усни и нема да дозволам никој да ми ја одземе.
***
Колку жестокост требаше да покажеш за да не се види твојата неверојатна чувствителност!
***
Со години ќе барате некој  херој да ве избави, до тој ден – преку страшни и тешки искушенија – во кој ќе станете „херој“ на вашето Јас.
***
Ова тело, кое го третирате како буниште, фрлајќи во него било каков отпад на кој ќе наидете, научете да го почитувате, најмногу да го слушате. Затоа што кога сите ќе ви кажуваат лаги, обидувајќи се да ги измамат потребите на вашата душа, таа среде болка и болест ќе извика нешто што сте го заборавиле и никој не ве потсетува: да бидете свои.
***
Престанете да ја барате вашата вредност од погрешни луѓе. Само Бог ја знае вашата вредност и оние кои навистина ве сакаат
***
Колку и да ни е тежок животот, колку и луѓето да се однесуваат грдо , едно нешто што не смееме да дозволиме да се случи е да се изгубиме себеси  менувајќи го сопствениот карактер. Поразот не е да изгубиш од другите, туку губењето на сопственото Јас.
***
Не плашете се од промените и различните фази низ кои поминувате во вашиот живот. Обидете се да бидете свои и што е можно поавтентични во сè што правите, во каква и ситуација да се најдете. Во радоста, тагата, во добродетелта и падот, во смеата и тагата, каде што чувствувате дека Бог ви „зборува“, каде што се чувствувате скршени од Неговото „отсуство“. Бидете таму. Со живо присуство. Не плашете се да искусите сè и да поминете низ сите фази на вистинскиот живот. Подобро болката на автентичен живот отколку криење во темните скривалишта на сопствената душа.
Само оној кој клекнал, се поклонил, почувствувал страв и гласно плачел, еден ден стигнал до вистинското прославување на Бога. Затоа што Божјата благодат почива во искреноста на нашата душа, а во чесните прегратки цвета Рајот.

***

TViTer372


Бидете свои, бидејќи што и да  се обидете да прикриете, порано или подоцна вашиот живот ќе го открие. Она што не го кажувате, ќе го каже вашето тело, а она што сте го притаиле на  во дното на  срцето, вашата сила ќе се исфрли на бреговите на вашата плот. Колку и да бегате, нема да се сокриете од себеси. Сите соништа - добри мечти  што не го остваривте  ќе станат ваши кошмари.
***
Оставете го листот хартија и моливот, сметките и билансите. И оваа година, прегратката што ја баравте, бакнежот по кој копнеевте,некоја  длабока мисла  што ќе ја отфрли смртта, баравте, иако тоа никогаш не го разбравте.
Во исто време, се плашиме да ги исповедаме најважните работи дури и на сопственото Јас. Ги кажуваме само оние работи што ги поднесуваме, другите остануваат неизречени молитви.
Крај


Автор - Отец Харалампиј Пападопулос (  од книгата Живот без рецепти )
Извор - sveticarboris.net


За Преминпортал – Симеон Стефковски

26ти август 2020 лето Господово

 

Друго:

TViTer349