TVITER11

ПРЕВЕЗИ НА ЗЛОТО…

Дали постојат луѓе кои живеат од болката на другите? Да,постојат. Дали постојат луѓе чија единствена радост е да ги уништуваат животите на другите? За жал,постојат и тие се премногу блиску до нас.

Вчера го гледав шпанскиот филм „Додека спиеш“. Еден млад човек е обземен од чувството на недостиг на радост.

Неговиот живот е пекол поради недостатокот на смисла. Единственото нешто што му дава задоволство е да им причинува болка на другите луѓе. Се храни со бедата на другите. Тој не може да поднесе да гледа среќни и успешни луѓе. Таму каде што се среќава со смеа и убавина, сака да ги истреби.За него претставува задоволство додека ја гледа солзата во очите на другиот,и додека го гледа скршениот живот на другата личност.

Не ми кажувајте дека не ја препознавате оваа улога кај многу луѓе околу нас. Веројатно и кај себе. Бидејќи не секогаш другите ни причинуваат зло, но ние причинуваме зло на другите.

Има луѓе во Црквата кои се радуваат на грешката на другиот,онаму каде што падот и гревот на нивниот брат не само што не ги води до молитва и солзи, туку, напротив, им носи радост и задоволство. Тие уживаат во пеколот на другиот повеќе одколку во нивниот рај.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Тоа се луѓе кои ве обвинуваат, клеветат, ве чекаат во аголот со прстот на чкрапалото и при првата грешка ве егзекутираат. Тие копаат во вашиот живот, ги откриваат вашите гревови, рамнодушни се кон болката што ќе ви ја предизвикаат со своите коментари и текстови, со несериозни тврдења и лажни вести,сето тоа се манифестации на изопачена психа која живее и се храни со превирања, тензии, зло и болка. Темнината што живее во нив се протега во секое нивно дејствие, без разлика колку добро се обидуваат да се сместат на прозорецот од својот јавен живот.

Вообичаено имаат профил на „добро дете“ или „добар човек“, кој е неопходен за да се активира планот за истребување на другите. Кој би ја отворил вратата на човек што држи нож? Поголемиот дел од времето, вашиот џелат држи цвеќе во раката и слатко ви се смее пред да го зададе последниот удар.

Но, вие ги разбирате по погледот во чиј сјај има длабока темнина. Опседнати се, паѓаат во делириум и често се повторуваат. Впрочем, она што тие „го извикуваат“ не е вистината, туку нивната болест.

Тие имаат противречни, лажни и многу конфликтни животи. Затоа и безмилосно ги “бијат” другите, затоа што не можат самите да се поднесат. Омразата кон другите е омраза кон себе, кон сопственото Јас, кое тие никогаш не го прифатиле или засакале.

Немојте да мислите дека овие луѓе се крвожедни чудовишта. Не, напротив, тие носат костуми и вратоврски, здолништа и потпетици, тие се во градот и во селата, во соседството и во нашиот дом и храм. Многу пати во нашето сопственото јас.

Многумина од нив се во Црквата и го држат високо нејзиното знаме. Тие се научници и писатели, пејачи и теолози,клирици и мирјани,верници, но лишени од Божјата благодат.

За Христос не е доволно да одиш во Црква, не е доволно да ги почитуваш нејзините правила и закони, ако сето тоа не те преобразува во човек на светлината, радоста и љубовта.

Само затоа што одиш во црква не означува дека си станал нејзин член. Таа е,тело Христово. За да постои Црквата, таа мора да се оснива. Затоа, нема да најдете никаква дефиниција од светите отци за тоа што значи црква. Затоа што таа не се определува,но се живее.

Така, ние не одиме во Црква, туку во храмот, за да ја оствариме Црквата во Светата Евхаристија. Црквата се остварува во светата Литургија, во благодатта на нашиот Господ Исус Христос, во љубовта кон Отецот и заедницата на Светиот Дух. Таму учиме да се сакаме и да ги приопштиме нашите животи со животите на другите. „Да се ​​љубиме еден со друг и во едномислие да исповедаме:„ Отецот и Синот и Светиот Дух, Троица единосуштна и неразделна “.

Не можеш да исповедаш дека веруваш во Бога ако не го сакаш својот ближен. Затоа, единствениот критериум за нашиот црковен идентитет е љубовта. Само оној што љуби е учесник во тајната на Црквата и на Бога.

Црквата не е идеја што ја браниме, туку присуство што го вкусуваме. Таа е Христос кој е единствената вистина дека Бог не постои, туку Он е љубов. Оној што не ја вкусил љубовта, никогаш не го вкусил Бог.

 

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Автор: о. Харалампиј Пападопулос

 TVITER45

За Преминпортал – Симеон Стефковски

Извор - zadrugata.com