brojanica.monahinja

Приказна за монахињата Марија, која никого нема го остави рамнодушен
Среда, 15 Септември 2021 година
Посветено на Пресветата Владичица наша Богородица и нашиот Спасител Исус Христос.


Свети Козмо Етолски говореше:
Имаше една девојка која се викаше Марија. Нејзиниот татко беше христијанин и сакаше својата ќерка да ја омажи, но таа ја сакаше чистотата и девственоста и сакаше да ја задржи до крај.
Таа беше испратена во женски манастир и беше предадена на игуманијата, која започнала да се грижи за неа како за своја ќерка.
Набргу по смртта на нејзиниот татко, на власт дојде нов владетел, кој еден ден пристигна во манастирот каде што се подвизуваше Марија. И штом ја виде, во неговото срце се разгоре сатанска страст. По враќањето во својот дом, тој испратил писмо до игуманијата на манастирот, во кое го напиша следново:
»Ви наредувам веднаш да ми ја испратите Марија, бидејќи јас ја гледав, а таа ме гледаше мене, и се заљубивме на прв поглед.«
Игуманијата го прочита писмото и веднаш ја поканува Марија на нејзино место:
»Дете, дали навистина ти се допадна Паша и дали му упати поглед исполнет со љубов?
Погледнете што ми напиша во ова писмо!«
Марија и одговори:
»Такво нешто нема... Кога го погледнав, си помислив: Господи, дали е можно еден паша да има таква слава што му припаѓа на овој свет, и во идниот, вечен живот? Во истиот миг, тој ме погледна, но со поинаков поглед, со ѓаволска цел. Ако сакав да создадам семејство, татко ми ќе ме омажеше, и јас ќе земев христијанин за сопруг.«
Тогаш игуманијата му напиша на пашата:
»Подобро да ти ја испратам својата глава отколку да ти ја дадам нашата Марија.«
Пашата повторно испрати писмо до игуманијата со следните зборови:
»Или ќе ми ја испратиш Марија, или ќе дојдам сам кај тебе, ќе ја земам со сила и ќе го запалам твојот манастир.«
Кога Марија го слушна ова, и рече на игуманијата:
»Ако дојдат пратениците на пашата во манастирот, испратете ги во мојата ќелија, и јас ќе им одговорам сами.«
Кога пратениците дојдоа во ќелијата на Марија, таа ги праша зошто се дојдени.
Тие рекоа:
»Паша нѐ испрати кај вас, бидејќи ги видел вашите прекрасни очи и тие многу му се допаднале.«
Марија ги замоли да почекаат за последен пат да се помоли во црквата. Таа зеде нож и стаклен сад во својата ќелија, се приближи до иконата на Спасителот и се сврте кон Него со зборовите:
»Господи, ти ми даде очи тие секогаш да гледат кон доброто и јас да го следам патот на праведните. Дали сега, по сопствена волја, ќе тргнам по патот на злото и измамата? Така што заради овие телесни очи мојот ум да не би бил заслепен и за да не ми се затемнат духовните очи, Те молам: прифати ги за љубов кон Тебе и спаси ме од калта на гревот!«
Таа веднаш го извади едно око од себе и го стави на чинија. И тогаш се приближи до иконата на Пресвета Богородица, го извади и другото око и го стави до другото.
Притоа, Марија побара нејзините очи да му бидат предадени на пашата.
И кога го виде овој страшен подарок, сатанската страст веднаш го напушти и беше заменета со длабока скрушеност. Тој веднаш дојде во манастирот и ги замоли монахињите да се помолат на Бога за да се излекува Марија.
Без двоумење, тие отидоа во храмот со пашата, клекнаа на колена и се молеа на Господ и Богородица да и подари вид на Марија.
И тогаш молња блесна во храмот, и Богородица се појави пред Марија во блескава облека. Пречиста и се обрати со зборовите:
»Радувај се, Марија! Ти избра да се лишиш од своите очи заради љубовта кон Мојот Син и Мене, затоа твоите очи нека бидат целосни и нека не ти дојде друго такво искушение.«
Гледајќи го чудото што се случи, сите присутни беа многу среќни и Го прославија Бога и Богородица. Подоцна, пашата на манастирот му подари многу злато, побара прошка од монахињите, па откако го напушти манастирот, започна да води добар живот и наследи спасение. Погледнете, браќа мои, што направи Марија со помош на Богородица? Затоа, треба и ние да ја почитуваме Пресвета Богородица со добри дела.


Извор: книгата »Апостолска проповед на Свети Козма Етолија.«


Монахиња Ефимија, игуманија на манастирот Свети Косма Етолија, Мегадендро


Превземено: »Трость Скорописца« (Перо на брзописец)

 

Избор од фб профил на

Jasmina Panoska