38.machenici1

Еднаш го запрашавме старецот Пајсиј:
- Вие, отче, непрестајно зборувате да мислиме позитивно. Би сакале да не посоветувате како да се соочиме со следниов проблем. Често ни доаѓаат луѓе и велат дека некои свештеници земаат многу пари за вршење на светите Тајни, велат дека пушат и седат во кафеани, па дури го велат и тоа, дека некои свештеници се вплеткани во неморални работи, генерално, жестоко ги обвинуваат и изнесуваат докази за да го оправдаат тоа. Што да им одговориме на луѓето кои го обвинуваат свештенството?


Од искуство знам, дека луѓето се поделени во две категории. Трета категорија не постои; луѓето припаѓаат или на едната или на другата. Првите потсетуваат на мува. Главна особина на мувата e, дека неа ја привлекува нечистотијата. Кога, на пример, мувата ќе се најде во градина полна со цвеќиња кои прекрасно мирисаат, таа нема ни да ги забележи и ќе застане на некоја нечистотија, што ќе ја најде на земјата. Ќе почне да лета наоколу и ќе се чувствува сосема пријатно во смрдеата. Кога би можела мувата да зборува, и вие би побарале од неа да ви покаже трендафип во градината, таа би одговорила: „Јас воопшто не знам како изгледа трендафилот. Само знам каде да најдам ѓубре, тоалети и кал“. Постојат луѓе кои потсетуваат на мува. Луѓето кои и припаѓаат на оваа категорија навикнале да мислат негативно и во животот секогаш ги бараат лошите страни, омаловажувајќи го и одбивајќи го присуството на доброто“.


Втора категорија се оние кои потсетуваат на пчела, чија главна особина е, секогаш да бара нешто слатко и пријатно за да се спушти на него. Кога пчелата би се нашла во соба полна со,нечистотија, со едно парче бонбона во аголот, таа би ја занемарила сета онаа нечистотија и би се спуштипа на бонбоната. Кога од пчелата би побарале да ви покаже каде се наоѓа ѓубрето во градината, би одговорила: „Не знам. Само можам да ти кажам каде ќе најдеш цвеќиња, сладост, мед и шеќер“. Таа знае само за добри работи во животот, додека оние лошите и се непознати. Тоа е друга категорија на луѓе која има позитивни мисли и ја гледа само добрата страна на работите. Тие секогаш се трудат да го прикријат злото за да ги заштитат ближните; напротив, луѓето од првата категорија се трудат да го изложат злото и да го изнесат на површина.


Кога некој ќе дојде кај мене и ќе почне да обвинува други луѓе, ме доведува во тешка ситуација и јас му го кажувам овој пример. Тогаш му велам да одлучи на која категорија сака да и припаѓа, за да може да најде слични на него луѓе и со нив да се дружи“.


Старец Пајсиј

 

Од фб профил на

Православен Источник