Gospod.Isus.Hristos.sodatel

Личната врска со Бога


Нас ни се допаѓа Бог, кој нема да има никава врска со нас. Сакаме еден Бог “на дистанца”, да го притиснеме копчето кога Ни е потребен, и Тој да се појави. Ние сакаме Бог, кој што ќе им служи на нашите страсти. Ни се допаѓа таков Бог, неопределен, од кого ќе си создадеме религија и ќе си направиме идол. Ни одговара Бог, кој што ќе се задоволи со зделката: ”Јас ќе ти дадам а ти ќе ми го напрвиш тоа што го сакам”.
Ваков Бог го задоволува нашето натприродно егзистенцијално барање, без да прашува многу. Избираме една “гламурозна религија’’  и сè е во ред во нашите животи. Таа го задоволува нашето религиозно чувство, и затоа секое духовно неспокојство во нас “е заспано”. Ние навлегуваме во ќелијата на нашиот егоизам, а Бог останува на небото како невидлива сила слична на текот на електричната енергија во електраните, така што сè си е на место. Ако нештата не се устроени на овој начин, како што посакуваме, ние ќе хулиме на Бог, а кога  ќе имаме потреба од Него, ќе ја бараме неговата помош, притоа давајќи и некаква друга милост,за да ја успокоиме нашата совест.

3.angeli.so.truba
Типичен е извадок од книгата „Минувајќи низ храмот“ на Димитрис Мавропулос: „Психолошки, на човекот му треба повисока моќ надвор и далеку од него. Тој не може да прифати директна врска со Бога. Ова е голема тајна и трагедија на човечкото постоење - дека човечкото битие се плаши од слободата.


Православниот пат има поинаква перспектива. Бог е личност и нашиот однос е личен, директен и онтолошки. Не се спомнуваме за Него само еден ден во неделата со одредени молитви. Тој е мојот живот. Тој е мојот придружник. Тој е мојот татко. Откако прими плот, Тој ме разбира и јас зборувам со Него. Тој поставува пред мене царска трпеза и ме кани, мене бедниот, за да се принесе себеси.
Ние зборуваме за Бог со кого имаме врска полна со слобода. И во овој поглед, јас имам одговорност и можам да ја исползувам мојата слобода и самоволие. Во оваа врска, јас не извршувам заповеди и наредби, но заповедта станува израз на моето срце. Не се обидувам да исправам никакви надворешни манифестации на мојата личност, туку да се исцелам и да се менувам во Христа преку лекарствата на Црквата. Да ја освестам полнотата на својата природа и да се станам свет, а сите мои внатрешни сили да станат Христови  преку подвигот на аскезата.
Ние влегуваме во личносен однос со Бог, во врска во која има сè: несогласувања, падови, плач, солзи, смеа, сомнежи и прегратки, врска која е борба и пат со многу битки. Бог не сака да бидеме фанатици, или само добри деца за да живеаме само уште неколку години. Очекува да му ги покажеме раните за да може да ги исцели за да можаме да седнеме со Него на царската трпеза. Да го сакаме само Него, ништо друго. Таквата врска не плаши затоа што од нас бара да носиме одговорност и да имаме крајна цел. Во таа врска можеби и ќе се повредиме а може и да  крвариме.

3.angeli.so.truba

Еден Бог, Кој не е невидлива сила, која нема никаква врска со светот, но Кој со својата доброволна жртва го зеде Крстот  на светот и целата историја на човечкиот род и со тоа ни го отвори патот на спасението. Направете смртта да биде успение а крајот да биде нов почеток. Бог кој е секогаш присутен и се открива до таа мерка до која што ние сакаме и дозволуваме да се открие во нашите животи.
Дозволете си да имате секојдневна врска со Христос на лично ниво. Христос не е два часа во неделата наутро. Да ги срушиме сопствените ѕидини и да влеземе во врска со Бога со одговорност и копнеж за спасение.

Автор: о. Спиридон Скутис
Извор: Богоносци.бг


За Преминпортал: Симеон Стефковски

 10ти февруари 2021 лето Господово