3.angeli.so.truba

„Духовноста на еден човек се определува со квалитетот на неговите мисли. Еден ден, тројца луѓе седеле во паркот „ разговарале. Покрај нив одеднаш брзо претрчало едно момче. Кога го виделе, кај сите тројца се појавила одредена помисла.
Првиот си помисил: „Сигурно украл нешто и сега се обидува да побегне“. Вториот заклучил: „Сигурно доцни на состанок со девојката, па, затоа трча“. Во третиот човек се појавила сосема поинаква помисла: „Веројатно е псалт во црква и трча за да стигне навреме на служба“.
Тројца луѓе за исто момче размислувале на три начини. Меѓутоа, само на третиот човек, кој имал добра мисла, таа му била од полза, додека на преостанатите двајца нивните помисли духовно им наштетиле“.

Старецот Пајсиј упорно го кажувал следново:
„Кога некој од браќата има негативни помисли, мораме внимателно, со љубов и смирение да се обидеме да го поправиме. Должни сме да го поправиме. Наместо да се обидат да ги исправат погрешните помисли, денес многу луѓе, вклучувајќи, за жал и некои од нашите духовни отци, се согласуваат со нив, па дури и ги уништуваат добрите помисли. Ќе ви посочам еден пример за да сфатите како постапуваат:
Едно момче му вели на својот духовен отец:
„Мојот пријател го направи тоа и тоа“. И тогаш, полно со лоши помисли ќе почне да му раскажува за тој пријател.
Наместо да се обиде да го поправи негового мислење и да го убеди повторно да го засака пријателот, духовниот отец го разгледува проблемот од световен аспект и, сакајќи да биде фин му вели:
„Бидејќи сега знаеш каков човек е твојот пријател, не обрнувај повеќе внимание на него. Игнорирај го“.
Момчето ќе се чувствува подобро откако ќе слушне такви зборови од својот духовник, но, во него и понатаму ќе биде присутно негативно расположение кон пријателот.
Кога, пак, тој пријател ќе отиде кај истиот духовник за да му го раскаже истиот проблем, духовннкот на истиот начин ќе се справи со проблемот. Тој, повторно ќе го разгледува од световен аспект и ќе го смири момчето. Меѓутоа, и ќе му допушти и понатаму да ги задржи во себе негативните помисли во однос на пријателот.
,,На тој начин“, рекол старецот, „јас можам да го утешам и ѓаволот, ако сакам. ќе видите што понатаму ќе се случува, бидејќи во нашите животи дејствува божествената правда“.


Во еден момент, двајцата пријатели, полни со лоши помисли еден против друг, се сретнуваат и почнуваат да се обвинуваат еден со друг: „Ти си таков и таков... Разговарав со својот духовник и тој го мисли за тебе истото“. Најверојатно и двајцата ќе откријат дека нивниот духовник единствено се обидувал да се покаже добар пред двајцата. Од тоа ќе произлезе губење на довербата и почитта кон свештеникот. Правилно би било, во слични ситуации да се постапи на следниов начин:


Еден оженет човек дојде кај мене за да поразговараме. Се појавил проблем со неговата сопруга, чиешто однесување го повредувало. Меѓутоа, јас во истиот миг почнав да барам оправдување за неа. На крајот му реков, дека треба да Го прославува Бога поради жената каква што му ја дал, и дека единствено тој самиот е одговорен за исчезнувањето на нивната љубов. Го натерав да го преиспита своето однесување и повторно да ја засака својата жена, откако го убедив дека не е во право и дека мора да се ослободи од своите лоши помисли. Така постапив и со неговата жена кога дојде кај мене. И неа ја укорив, така што, и обајцата се ослободија од негативните помисли и повторно се засакаа еден со друг. Освен тоа, сфатија зошто ги искарав, и дека мојата единствена цел е повторно да бидат заедно“.


Старец Пајсиј

 

Избор од фб профил на