3.angeli.so.truba

Бог се јави! Поточно Бог се објави во сите три лица на Света Троица. Бог Отец (Кого никој никогаш не го видел) кој сведочеше од Небесата, Бог Син кој се крштеваше и Бог Свети Дух кој се симна на Крштеваниот во облик на гулаб (што не ни дава за право така да го замислуваме и претставуваме секогаш).


А кои луѓе биле сведоци на Богојавлението?
Оние кои што ги беа слушнале зборовите на Претечата Христов, кој повикуваше на покајание, кои ги беа исчистиле душите и срцата од гревот преку покајание и кои приоѓаа кон покајно крштение.
Бог Света Троица и денес се јавува и објавува. Оние кои и денес го слушаат повикот на покајание на Претечата, кои се кајат и ги исполнуваат заповедите Божји и денес го сведочат Богојавлението.
А другите? Другите ќе си прават шеги на сметка на јавувањето поврзувајќи го со модерното сфаќање на зборот јавување со телефоните.
А Бог?


Бог смирено ќе го чека нивното покајание како би можеле следното Богојавление и тие да бидат сведоци на јавувањето.


За многу години!

 ✥ .✥

19ти јануари 2021 лето Господово

Избор од фб профил на

Otec Pimen