3.angeli.so.truba
Тагата ќе биде наш придружник

Не разбираме дека кога некој е тажен, советот „Не биди тажен и не се вознемирувај!“ не важи. Како оној што ја доживува тагата да не го знае тоа . Тој тоа го знае многу добро, но немоќен е да каже „стоп“. Затоа, не кажувајте ништо, само замолчете, правете му друштво во неговата тага и избришете му ги солзите додека не помине бурата. Многу пати бурата е неопходна  за да се напојат исушените полиња за повторно да станат плодородни.
Залудно танцуваме со тагата под  дождот од солзите. Ништо не е важно, сè додека солзите не се водопад што ќе ве собори, туку океан што ќе ве однесе до рајското пристаниште. Во исцелителната светоотечка  традиција има триптих: замолчи, моли се и ако зборуваш, стори го тоа со хируршка прецизност. Господ зборуваше најдобро кога молчеше. „Но, Исус молчеше“ (Мат. 26:63). Тој не молчеше од срамежливост, тоа беше молчание од сострадание, жртва и бескрајна љубов. Тишината во која ништо не слушате е длабок љубовен чин. Тишина што одекнува како крик.


Кога некој тагува и му кажувате дека ништо не се случило, воопшто не му помагате. Ништо не ти се случило тебе, но другиот беше повреден во битките додека ти гледаше од  страна. Одете кај него, замолчете молитвено и кажете му: „Да, ти се чувствуваш лошо, те разбирам, го чувствувам тоа и сочувствувам со тебе. Дали сакаш да бидам прегратка за тебе сè додека не помине бурата на твојата тага? Стани пристаниште, стани станица, стани таткото на блудниот син, добриот Самарјанин, Јован, саканиот ученик, стотникот, Јаир, Хананејката. Нека се роди во вас срцето на блудницата од тропарот на  Касијана. Извикајте сред молчанието, но во вашите зборови побарајте ја Неговата личност.


„Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зошто Јас го победив светот “(Јован 16:33). Тагата ќе биде наш придружник во овој живот, но тоа не треба да не мачи.Тоа  ни е потребно  за да го бараме Небото што не чека и кое, за жал, го забораваме. И на дното на молчанието ќе го  побараме Него. Дното нема да стане наш гроб, таму ќе го најдеме дијамантот и ќе излеземе на површината за да го осветлиме Воскресението низ целиот свет. Тогаш Сонцето на правдата ќе изгрее и во нашите животи. Победата над секоја тага значи дека не е сè готово. Воскресението Христово го претвори крајот во почеток, а смртта во Успение.

TVITer468
 
Автор: о. Спиридон Скутис
Извор bogonosci.bg


Превел Симеон Стефковски

 

25ти декември 2020 лето Господово