3.angeli.so.truba

“ Старецот (Јосиф Спилеот) како да спиеше. Ние го подготвивме неговото тело за погребение, го пресоблековме. Но, кога почнавме тоа да го правиме, неговото тело се лизгаше од нашите раце, ја немаше изгубено еластичноста. Монасите и монахињите не се вкочануваат по смртта. Какво што е телото на човекот кога спие, такво е и телото на монахот по смртта. Тоа не се вкочанува како телото на мирскиот човек, кое што станува како дрвено.

Без разлика колку часови или денови ќе поминат до погребението - монахот како да спие. Ако некој спие, и го пресоблекуваат, пренесуваат и слично, така е и со телото на мртвиот монах. Од самиот потстриг, човекот веднаш го придобива тоа својство, тој карактер и натприродна особина. Зошто? Затоа што, како прво, Бог сака да покаже колку Му е угодно монаштвото, посветувањето на својот живот на Господ, а како второ, за да посведочи дека смртта на Христијанинот е сон.

Затоа и местото за погребение се нарекува место на успение. Човекот заспива и еден ден ќе се разбуди. Дури ако умре и грешен монах, тој изгледа како да спие! Кога човек ќе прими постриг, се променуваат природните телесни својства. Колку е прекрасно што Бог ни покажува како Он го љуби монаштвото - девствен, подвижнички и натприроден начин на живот!

Таа еластичност на телото по смртта - е натприродно чудо, бидејќи и монашкиот живот е натприроден. Тоа е таинство, со никој друг тоа не се случува, само со монахот, дури, ако тој е монах само еден час. Се случува и тоа.“

- Старец Ефрем Филотејски

 

Избор од фб профил на

Monika Nikolova

 20ти ноември 2020 лето Господово