3.angeli.so.truba

Да им го покажеме Христос на нашите деца

Дали децата треба да бидат причестени, а родителите да останат настрана без учество во Светите тајни. Ова е момент кој носи многу прашања.Да се причестат децата, а родителите да останат непричесетени. Децатата во Светлината, а родителите во темнината.

Најтрагичен момент за еден свештеник е да крсти едно дете и никогаш повеќе да не го види во храмот. Да ја земеш таа прекрасна Божја креација во своите раце, да ја подигнеш во името на Света Троица и да не ја видиш повторно. И мојот внатрешен крик прашува : ‘’Зошто?”
Постојат „родители“ кои го крштеваат своето дете заради името и не се заинтересирани за неговиот духовен развој и спасение. Пијано, балет, француски јазик, но ниту збор за Небесното Царство и спасението на душата. Ние раѓаме едно дете и го одгледуваме  како предмет. Ние буквално му даваме плева наместо Леб на животот. Некои родители негодуваат доколку нивното дете прекине да го учи англискиот јазик, кошарката, но кога тоа ќе престане да се причестува или да се исповеда, тогаш како ништо да не се случило, тие дури го даваат следниот страшен одговор: „Сега тој порасна. Црквата не му е потребна’’.
Но, кога ќе му се случи нешто лошо, првиот збор што ќе го кажат е „Пресвета Богородица! Моето дете!".
Во повеќето случаи, родителите не сакаат ни да слушаат за Црквата: „Доволно е! Не мора многу да одите таму! Да не си се осмелил да го облечеш моето дете во расо! “.
Работите сè уште помачни со татковците: „Не ме вознемирувај со постите, дете мое,! Разговарај  за тие работи со твојата мајка! “ Повеќето татковци сметаат дека Црквата е наменета за жени и мајки и дека гревот е една храбра постапка. Многу татковци ги водат своите деца кон погибел со математичка прецизност: „Биди маж! Забавувај се со многу жени и почитувај го твојот татко! “ И тогаш се прашуваме до каде стигнало денешното општеството. Да не заборавиме дека силувачот и зависникот се создаваат на петгодишна возраст, а не на дваесет и пет години, а родителите се тие што ја опустошуваат душата на своето дете.

3.angeli.so.truba

Дали сакате да уништите едно дете? Кажете му дека светот е поважен од Христос, и вие веќе сте  му го покажале патот кон бездната.
Друг пат, родителите го носат детето во Црква до седум или осум години, а потоа престануваат да го носат. Доаѓаат во храмот, детето се причестува, а родителот не. Како Христос  да не бил распнат или воскреснат за целиот свет, туку само за децата. Родителите сметаат дека Светата Причест е за “да ги чува дедо Боже” нашите деца. Тие самите ретко се причестуваат со таинствата и ако се причестат, доаѓаат без исповед на Велигден или на Божиќ за да се причестат “за здравје”.

Тажна сцена: детето се причестува со Христос, а родителите стојат зад него рамнодушни и без учество во Светите тајни. Го гледате детето како се враќа во прегратките на неговиот татко и го прашува: „Татко, зошто не се причестуваш? Дали  Христос не дојде за тебе? “ Страшна глетка: Христос му зборува на таткото преку устата на детето.
Дојде време да разбереме дека Црквата не е место каде што можеме да склучуваме зделки со натприродно суштество за да нè задржи во овој живот. Кога детето ќе влезе во пубертет, тој ќе го отфрли таквото разбирање на нештата.

Животот со Христа е животодавна  врска што детето мора да ја види кај неговите родители, инаку во неговите очи Црквата ќе биде средновековно место за култ кон натприродно суштество кое нема никаква врска со сегашниот живот.

Да им ја покажеме на нашите деца вистината за Христос и Црквата,но не само со зборови. Ние сме должни да бидеме учесници во оваа вистина и да ја исповедаме.


3.angeli.so.truba

Св. Jован Златоуст вели дека родителите ќе бидат одговорни за своите деца. Работите се многу сериозни. Забораваме дека целта на раѓањето е децата да станат свети, а не само да ја продолжат семејната лоза.
Драги родители, паѓајте на колена со своите деца, разговарајте со нив за Небесното царство и спасението на душата. Оставете ја светската плева,таа  ќе стане прашина. Молете го Христос и Пресвета Богородица за душата и спасението на вашите деца.

Вашата копнеж не треба да биде да ги гледате своите деца на врвот на некој пиедестал во општеството за да се гордеете со нив, туку тие да станат sвезди во Небесното царство, т.е. во Вечноста.

Многу пати родителите прашуваат: „Зошто, оче, децата доаѓаа во црква кога беа мали а сега не сакаат да доаѓаат?“ Одговорот е многу едноставен: затоа што децата не доаѓаа во црква како индивидуи кои имаат врска со личноста на Господ. И кога доаѓаа во Црква за да им го покажам Христос, многу пати дома го гледаа антихристот. Значи, за нив создаваме лажна и лицемерна идеја, која детето ја отфрла бидејќи не може да толерира лаги и лицемерие. Да паднеме на колена за сите деца и за сите луѓе, да клечиме со молитва и смирение, така што нашиот молитвен крик да стане повик кон Небото во секое срце.

 3.angeli.so.truba


Автор: о. Спиридон Скутис
 
Извор bogonosci.bg / превод Симеон Стефковски

 

19ти ноември20 20 лето Господово