Izbor

Недела на проштевањето 


Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи.

Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните. Таа самата подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие.

Верните настојуваат ревнувајќи во овие добродетели и особено преку подвигот на Исусовата молитва, да Му приготват во себе живеалиште на Светиот Дух.

Песна 6

Ирмос: Гледајќи го морето на животот, бранувано од бурата на искушенија, кон  Твоето тивко ристаниште трчам и Ти Викам: изверди го од гибел  мојот живот, Многумилостиве.

Во рајот си ме облекол во боготкаена облека, Спасителу, како милосрден; јас пак, Твојата заповед ја прекршив, на Измамникот му поверував и ја видов својата голотија.

Душо моја многустрасна, од Бога се се оддалечила, со твоето невнимание од рајската наслада си се лишила, од ангелите си се одделила, во пгибел си се вселила! Какво паѓање!

 Евангелие сподер Матеј

„Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни

и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен;

 ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец

 нема да ви ги прости вашите.

Кога постите не бидете, не бидете жалосни како лицемерите;

зашто тие си ги прават лицата мрачни,

за да се покажат пред луѓето дека постат.

Вистина ви велам дека тие ја добиле веќе својата награда.

А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицетето свое.

па да покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот

Отец. Кој е во тајност; и твојот

 Отец, кој гледа тајно, че те награди јавно.(Матеј 6, 14-18).


   Esen.vopark2.jpg

СТАРЕЦОТ САМПСОН - ПРОСТУВАЊЕ

1-ви март, лето Господово 2014