2.svetiteli

 

† ДЕНОТ НА РАДОСТА ПРИСТИГНА!

И сега денот на милоста ја покажа својата вредност!
Никој нека не го гони својот ближен поради одмазда за согрешенијата кои му ги сторил.

Денот на радоста пристигна!

Никој нека не биде виновен за предизвикувањето на жал и тага кон друга личност.

Ова е ден без облаци, ова е светол ден!
Нека гневот биде стишан оти го вознемирува мирот и спокојството.

Ова е денот во кој Бог се симна кон грешните.
Нека праведните бидат посрамени ако се воздигаат над грешните.
Ова е денот кога Господ на создавањето им приоѓа на слугите. Нека господарот на домот трепери во слична љубов кон неговите слуги!

Ова е денот кога Богатиот постана сиромашен поради нас.
Нека никој богат не биде засрамен да ја сподели својата маса со сиромавите!

† Свети Ефрем Сирин

 

Избор од фб профил на

Православие.Мк †