Еден отшелник, од големо незнаење, не прифаќаше дека светиот Леб што го примаме е Телото Христово.

Старците од Скитот го дознаа тоа, го повикаа и го поучија со православното учење на Црквата за Пречистите Таинства. Но тој си остана упорен во неговата прелест; отците го оставија, но се молеа Бог да го просвети, та да ја сфати вистината.

Една недела учествуваше во Божествената Литургија од светиот олтар на храмот во Скитот.

Во моментот кога свештеникот ја зеде во своите раце просфората за да направи проскомидија, опрелестениот монах ненадејно виде Бебе, легнато на проскомидијата. И кога почна да го сече Лебот, се појави свет ангел од жртвеникот држејќи во раката еден нож.

Истовремено со свештеникот и тој го сечеше божественото Бебе и истече Неговата крв во светиот путир. Отшелникот се стресе. Но по малку време, кога пристапи да се причести, се случи нешто уште пострашно.

Во светиот Путир виде човечко месо потопено во крв.

Плачејќи тогаш ја призна (исповедаше) својата прелест и Го молеше Господ да ги покрие божествените Таинства со Својата благодат, за да може да се причести.

Навистина, во светиот Путир пак виде вино и леб, со кои се причести, благодарејќи Му на Бога.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник: Монахиња Теодора, Старечник, издание на „Лидија“

Μοναχής Θεοδώρας, «Γεροντικόν», εκδ. Λυδία

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2013/10/16/oprelesten-otshelnik/?fbclid=IwAR0IIMEQQDFb8_-Y_eHKBUl_wzMGadx8hNL7dBnrUUD4EWgbUUG6QKbFKN8