Одејќи од светата Гетсиманија кон Елеонската гора, наидуваме на манастирот на авва Аврамиј, што го основал самиот авва Аврамиј. Тој потоа, по Евдоксиј, станал игумен на новата црква посветена на сефалната Богородица и секогаш Дева Марија. Во тој манастир на великиот Аврамиј, во времето кога го посетивме, игумен беше некои авва Јован од Кизик. Ние го прашавме за следново:

„Како може да стекнеме добродетели?“ – а старецот ни одговори:

„Кога некој сака да стекне некоја добродетел, тој не може тоа да го постигне додека првин не го замрази соодветното зло, кое е спротивно на таа добродетел.

Така, на пример, ако сакате да здобиете дар на солзи, замразете го смеењето.

Ако сакате да здобиете понизност, замразете ја гордоста.

Сакате ли воздржливост од храна, замразете го стомакоугодувањето.

Сакате ли целомудрие, замразете ги телесните насладувања.

Сакате ли сиромаштво, замразете го богатството.

Сакате ли да бидете милостиви, замразете го среброљубието.

Кој сака да живее во манастир, првин нека ги замрази средбите со надворешниот свет, дури со некогашните свои домашни, дури и со своите роднини.

Кој сака да живее во пустината, нека ги замрази градовите, кој сака да живее во тихување, нека го замрази празнословието.

Кој сака да го заузда својот гнев, нека го заузда дружењето со световните луѓе.

Кој сака да го задржи својот јазик, нека ги затвори своите уши за да не слушаат премногу (нешта).

Кој сака постојано да има страв Божји, нека го замрази угодувањето на телото и нека ја засака тегобата и тешкотиите на животот, и дури тогаш ќе може искрено да Му послужи на Бога“.

 

Извадок од: „Духовни полиња“, Јован Мосх.

 

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2013/07/22/steknuvanje-dobrodeteli/