TVITer758

 

Прокимен, псалм 8, глас 5:

Господи, Господи наш, колку е чудно името Твое по целата земја.

Стих:

Си ја издигнал славата Своја над небесата.

 


Од Книгата Соломонови изреки, читање (1, 20-33):


Премудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плоштадите, проповедта во главните места на собирите, при влезовите на градските порти смело говори: „До кога, незналци, ќе го сакате незнаењето?

До кога бујните ќе се насладуваат со бујноста?

До кога глупавите ќе го мразат знаењето?

Обрнете се кон Моите изобличувања; еве, Јас Го ќе излеам Духот Свој врз вас, ќе ви ги кажам зборовите Свои.

Јас викав, а вие не послушавте; изговарав зборови, но вие не внимававте; вие ги отфрливте Моите совети, не внимававте кога ве изобличував.

Затоа ќе се насмеам на вашата погибел; ќе се зарадувам на вашата погубност, кога ќе ве нападне ужас како бура, и зло како виор ќе мине над вас, кога ќе ве снајде невола и уривање на градовите и кога ќе дојде пропаста. Тогаш ќе Ме викаат, но Јас нема да чујам; ќе Ме бараат лошите и нема да Ме најдат.

Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов; затоа што не го примија Мојот совет и ги презреа Моите разобличувања.

Поради тоа тие ќе јадат од плодовите на своите патишта и ќе се наситуваат од своите лоши замисли.

Зашто неразумните ќе ги убие нивната упорност, а глупавите ќе ги погуби нивната негрижа; но кој Мене Ме слуша, ќе живее безопасно и спокојно, не плашејќи се од злото".

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2019-03-12 10:29:06