„Постот е големо оружје на душата, но потребно е да се спои со непрестајна молитва, тихување и молчание. Тогаш постот дава најдобри плодови. И на сето тоа, потребно е самоиспитување: да не беше Твојот закон утеха за мене, ќе загинев во неволјата своја.
Треба да знаеш дека има и доблесни луѓе, кои, кога ќе се укаже потреба, јадат и пијат сè што ќе им се принесе, заради заедничката трпеза, а кога ќе бидат сами, со построг пост го надополнуваат разрешувањето што си го допуштиле“.