Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 57)

Во она време истера Исус еден бес, кој беше нем, и кога нечистиот дух излезе, немиот проговори; и народот се чудеше. А некои од нив рекоа: „Он ги изгонува бесовите преку Велзевула, кнезот на бесовите.“ А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото. Но Он, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом - на групи, една против друга, пропаѓа; и, ако и сатаната се разделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Оти велите дека Јас преку Велзевула ги истерувам бесовите. И, ако Јас, пак, преку Велзевула ги истерувам бесовите, тогаш синовите ваши преку кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии. Ако Јас, пак, со прст Божји ги изгонувам бесовите, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. Кога силен човек се вооружи и го припази домот свој, тогаш имотот негов е во безопасност. Но, ако некој посилен од него го нападне и победи, тој ќе му го земе сето оружје, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.