Кога игумен на манастирот Есфигмен бил отецот Софрониј, во манастирот живеел еден млад монах кој многу напреднал во стекнувањето добродетели. Освен со својата голема побожност, тој се истакнувал и со голема простодушност и со аскетизам. Бидејќи бил болникав и нежен, зашто дошол од благородно семејство, се разболел од туберкулоза поради наглиот премин на аскетски начин на живеење. Неговиот видовит игумен му разрешил да пие пастеризирано млеко, дури и за време на Големиот пост. Братот го прифатил тоа и рекол: „Нека е благословено.“ Но, бидејќи имал голема вера во Бог, тој му ги пренел своите мисли на старецот:

Доколку ми дадете благослов да пијам чај, Христос може да го претвори во млеко, па дури и да ме излекува само со чај.

Старецот бил трогнат од големото благочестие на монахот и му дал благослов да пие чај наместо млеко.

Така, ако простодушните зборови на побожниот монах го трогнале игуменот, колку ли повеќе го трогнале самиот Христос!

Старецот Доротеј, кој бил болничар, ми раскажа како Христос не само што го претворал чајот во млеко, туку и во лековит напиток којшто го излекувал монахот од туберкулозата. Тој престанал да искашлува крв, треската поминала, веќе не се чувствувал изнемоштен, така што сосема заздравел. Оттогаш неуморно ги извршувал духовните обврски и монашките задолженија, постејќи онолку колку што тоа го правеле и останатите отци.

Автор: Преп. Пајсиј Светогорец

 

Извор: Бигорски манастир