Капењето на Богојавление е еден вид таинство. Затоа, се разбира, треба да се искапете во природа, каде што нема никој, сам со Бога. Обично тоа се прави  ноќта во 12 часот или рано наутро.
Кој барем еднаш го искусил ова чудо, подобро кажано, шокантна и невообичаена блискост со Господ во потопување, тој веќе се обидува сиот свој живот да се искапе на Богојавление. Не се оставени никакви докази за плашливост на ваков христијанин . Човекот има почувствувано: еве, овде има живот, има некоја вистина во ова, во ова е скриена некоја тајна!
               Факт е дека многу грешиме и никогаш не можеме да бидеме сигурни дали нашите гревови се простени или не. Затоа, пред почетокот на непрестајната молитва, пред отворањето на директен и јасен пат кон Бог, правилно е да се турка во сите врати. Впрочем, не знаеме која од нив ќе се отвори. Но, искуството на животот потврдува дека често се отвара онаа вратата за која ти не си размислувал.
                  Капењето на Крштението Господово, и на телото дејствува таинствено. Овој процес може да се почувствува, но тешко е да се разбере, постојат само теории кои изразуваат дел од вистината, но никој до крај не може да го објасни обновувањето на организмот. Од друга страна, верувајќи во Бог, ние исповедуваме дека нашите телесни болести се казна за гревовите. Но, со подвиг и самопожртвуваност, како што е познато, гревот се исцелува. Било која самопожртвуваност е полезна.
Така, капењето е мал подвиг, не е голем чин на самопожртвување кој го правиме поради смирение. Да се смири телото- и духот наоѓа слобода. Поздрав за сите кои со едноставност пријдоа кон Бог и се потопија во водите на животот осветени од Господ. Тие добиваат, како што е речено во Писмото, „повеќе отколку што даваат...’’.
                Се разбира, овие аргументи може да се оспорат, ние ги изнесовме како една од можните верзии за природно образложение за придобивките од потопување во Крштелницата, но колку е прекрасно што невозможно е да се оспори самата радост од капењето!

Не молам за тоа, да се суетам,
Да се прославам во овој век како светец.
Научи ме, научи ме да се покаам
И да се крстам со крштението Твое!


Изведи ме низ понижувања,
Смири го моето гордо срце,
Во него отвори ми ги вратите на смирението
И дом со Отецот создади!

Стихови на монах од Света Гора Атон

 

 

Извор:  http://www.diveevo.ru/2/0/1/5228/

 

 

20-ти јануари  2018 год.

 Подготви: Снежана Корнет

Друго:

 

П .П.