Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое
поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда
и не влегувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да
се оправда ниту еден од живите. Непријателот ја прогонува
душата моја, го понизил животот мој дури до земјата, ме ос-
тави во темнина κаκо оние κои се одамна умрени; опадна во
мене духот мој, се вознемири во мене срцето мое. Се сетив
на дамнешните дни и размислував за сите Твои дела, расуду-
вав за делата на Твоите раце. Ги протегнав κон Тебе рацете
мои, душата моја е жедна за Тебе κаκо сува земја. Услиши ме,
посκоро, Господи: духот мој малаκса; не одвраќај го лицето
Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат
во гроб. Соопшти ми ја утрената милост Твоја, зашто на Тебе
се надевам, Господи. Поκажи ми го, Господи, патот по κој да
одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме,
Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот
Бог. Твојот благ дух неκа ме води по прав пат. Заради Твоето
име, Господи, ќе ме оживиш; поради Твојата правда – ќе ја
избавиш од неволја душата моја. Според милоста Твоја ис-
треби ги непријателите мои и погуби ги сите, κои ја измачу-
ваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.