-за секој час во текот на денот и ноќта


22 час

Пресвета Владетелке Богородице, услиши ја оваа тажна молба моја и исполни ја по мерата на моето поверение во надежта на сите краеви земни.

Угасни ја жарта во моето тело; скроти ја бурата на гневот; истреби ја потполно надменоста на суетната младост. Намали го во моето тело злото на мечтаењето, ноќе од злиот дух испраќано, ослабни ја секојдневната навала на нечисите помисли. Научи го мојот јазик да говори само за корисното, а моите очи да ја гледааат само красотата на доблеста.Очисти ја мојата уста, за да можам Севишниот Бог да го нарекувам Отец. Отвори ги моите уши, за да можам да се хранам со послатките од мед зборови на Светото Писмо и да ги исполнувам со Твојата помош. Дај ми време за покајание и избави ме од изненадна смрт.

Дојди кај мене при разделувањето на мојата смирена душа од бедното тело мое; намали ги тогаш неподносливите маки, олесни ја неискажливата тага, утеши ме во безнадежната положба, избави ме од гледање на лицата на ѓаволите, избави ме од немилосрдните измачувања на воздушните митарства, одбиј ги пламените мечеви на моите гревови,  удостој ме на Страшниот суд да застанам од десната страна на Синот Твој, спаси ме од бесконечните маки и дарувај ми да го наследам вечното блаженство.

Тебе, Владетелке Богородице, светлино на моите помрачени очи, утехо на мојата душа, надеж моја и спасение мое, Ти ја принесувам оваа исповест. Очисти ме секоја нечистотија на телото и духот, удостојувајќи ме во овој живот неосудено да се причестувам со пречистата крв и Телото на Синот и Бог Твој, а во идниот живот да се удостојам со причестувањето со сладоста на небесната вечера, на рајските населби, на Царството Божјо.

Удосотен со тие блага, јас вечно ќе го славам Синот Твој и Бог, со Неговиот беспочетен Отец и животворниот Дух, сега, секогаш и низ сите векови. Амин.

23 час

Сéфална Владетелке, извору на милосрдието, бездно на човекољубието, водо жива,Застапничке на грешните, вистинска лозо виновита, небесно блаженство, општо прибежиште на сите, животу на целиот свет, - предаден на метежниот и прељуботворниот свет, јас сум безгрижен во мислите и постапките и напразно го минувам својот живот. Но, Ти сострадална Мајко Божја, немој да се згадиш на мене грешниот. Прими го молењето мое кое Ти го принесувам од осквернетите усни и со блаогпријатните молитиви свои, смилостиви го Судијата кон Мене. Моли го Синот Твој, да ги превиди моите гревови, упати ги моите мисли кон покајание; не допуштај да станам посед на Сатаната. Со молитвеното завземање свое обнови ме и исправи го мојот живот, за да можам без страв да застанам пред Судијата и да го избегнам страшното мачење. Стори ме наследник на славата, молејќи го за тоа Творецот мој, Кому Му доликува слава, чест и поклонување низ сите векови. Амин.

 


24 час

Ти благодарам, Владетелке Богородице, и Те славам што ми даде можност да го доживеам крајот на денот и ова ноќно време кога ги измолувам Твоите молитви. Прости ми ја Себеспрекорна, мрзливоста и невниманието, и исполни ме со ревност, за да можам непрестајно да ти принесувм песнопој на Тебе и на човекољубивиот Син и Бог Твој, затоа што јас бедниот се избавував и се избавувам од болести, напасти и невољи, душевни и телесни.

Припаѓајќи Ти, со срдечен жар и восхит извикувам и громко ја изговарам благодарнатапесна кон Тебе јас, слугата Твој, кого Ти го помилува, Преблагословена, Мајко на Човекољубецот Бог:

Радувај се, Себеспрекорна, благословена! Радувај се, Дево, славо на луѓето! Радувај се, исполнување на сите пророштава, Радувај се, печат на заветот  Господов! Радувај се, објаснување на Господовите тајни! Радувај се, собору на неправедно лишуваните од чест! Радувај се, соединување на одамна разединетите! Радувај се, потпора на смирените! Радувај се осветлување на оние кои се во мрак! Радувај се, обновување на изнемоштените! Радувај се, жртво за смилостивување на заблудените! Радувај се патоказен светилнику на оние кои скитаат! Радувај се пристаниште на оние кои пловат! Радувај се, помошничке во невољите! Радувај се, спасение на верните! Радувај нов, божествен дару! Радувај се, Владетелке на сите земнородни! Раувај се радост и славо на ангелите! Радувај се повозвишена од сите созданија! Радувај се слугинко на Бога! Радувај се благословена во вечни векови! Радувај се Маријам, Невесто – Мајко! Радувај се прекрасна ќерко Давидова! Радувај се, трпезо на таинствени дарови! Радувај се победо на Царот и Бог мој! Радувај се пофалбо на патријарсите! Радувај се, тврдино на оние кои Те повикуваат! Радувај се чврста одбрано и заклону! Радувај се престолу на самиот Бог! Радувај се Мајко Божја! Радувај се разрешување на моите гревови! Радувај се обилна помош на бедните! Радувај се чуварко на непресушното милосрдие! Радувај се, пречиста Мајко и Дево! Радувај се, Владетелке од родот Адамов! Радуј се мечу против злите бесови! Радуј се преизобилно давање на мудроста! Радуј се, утехо на неволните! Радуј се причино на сé прекрасно во животот....

 

Од изданието на Светите Келии кај Ваљево

Подготви : Маја Белева

Посети:{moshits}